Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Опсадна состојба во Подгорица откако Турци со нож повредија млад човек, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Опсадна состојба во Подгорица откако Турци со нож повредија млад човек, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција
БАЛКАН

(Видео) Опсадна состојба во Подгорица откако Турци со нож повредија млад човек, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција

Објавено October 27, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Жителите на подгоричката населба Забјело се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа еден нивен сограѓанин претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани.

Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на жителот на Подгорица, М.Ј. со ладно оружје.

Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски државјани викендов нападнале група жители на Подгорица, а еден од младите мажи од Подгорица добил седум убодни рани со нож.

Насилство во Подгорица
Во официјалното соопштение на црногорската полиција е наведено дека синоќа, половина час по полноќ, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале неколку лица, а во која едно лице се здобило со телесни повреди во градите и рацете.

Црногорските медиуми претходно објавија дека во подгоричката населба Забјело, каде што се спроведуваа рациите, владеела состојба на опсада, додека од друга страна, револтирани од чинот на насилство, бројни жители на населбата се собрале и постојано извикувале навредливи слогани против Турците.

Голем број полицајци и инспектори биле на местото на настанот, а контролирани биле и неколку локации во тој дел од црногорската престолнина.

Медиумите, исто така, објавија дека тројца турски државјани дури и се забарикадирале во казино откако, според очевидци, група мештани се обиделе да се пресметаат со нив. Откако ги извеле од казиното, полицијата привела двајца од нив, а се сомнева дека еден од нив бил вмешан во нападот.

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка.

„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лукровски: Завршуваат старите практики кои беа штетни за карпошани, време е за проекти во интерес на граѓаните
Следна Статија Милеи победи на изборите во Аргентина: „Ова е пресвртница“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Балканските превозници се враќаат на блокадите,ЕУ ги отфрли нивните предлози

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 15, 2026
БАЛКАН

Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава

Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-март, забележале раст од четири отсто споредено…

June 13, 2025
БАЛКАН

Птичји грип во Валона, десетици угинати птици!?

Во албанскиот приморски град Валона, во областа „стара плажа” пронајдени се десетици угинати птици. -По добиената информација од жителите од…

January 5, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

За време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Бор и неговата средба со граѓаните, се случи емотивна и…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?