Полициската управа на Шривпорт (SPD), третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, соопшти дека жртвите се на возраст од 18 месеци до 14 години – убиени за време на инцидент со „семејно насилство“ во населбата Сидар Гроув, објави „Мирор“.
Пукањето се случило околу 6 часот наутро по локално време во недела, според началникот на полицијата во Шривпорт, Вејн Смит.
Police in Shreveport, Louisiana say 8 children were killed in a domestic shooting. The suspect was also killed by responding officers. pic.twitter.com/WuaGGOf3mq
— Breaking911 (@Breaking911) April 19, 2026
Две возрасни жени се здобиле со прострелни рани во главата и преживеале, додека едно момче е повредено откако скокнало од покрив, објави локалната телевизиска станица KTBS, филијала на ABC за Луизијана.
Осомничениот, возрасен маж, бил убиен во размена на оган со полицијата по потера во Босиер Париш, соопшти државната полиција на Луизијана.
Голем број полициски сили се уште се на местото на настанот, а според првичните информации, случајот има елементи на семејно насилство.
Смит рече дека стрелецот ранил вкупно 10 лица.
Службените лица изјавија дека сè уште собираат детали за местото на злосторството, кое се протега на три локации.
