Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор
ХРОНИКА

Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор

Објавено April 20, 2026 11:30
Сподели
Сподели

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.

Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека “мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење”.

– Импровизирано третирање во затворски услови гарантира катастрофални последици поради несоодветните услови, особено кога неговото здравје континуирано се влошува – изјави Коцевска.

Таа кажа дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот, и нагласи дека тој денеска со отворена рана по оперативен зафат е спроведен од болничку услови на судење.

– Ова ги премина сите човечки граници на хуман третман и сметам дека е неопходно да му се укине притворот и замени со куќен. Селективна примена на оваа мерка, само на двајца од вкупно 34 кои се товарат за исто дело, иако Дејан е со најлоша здравствена состојба. Мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење – изјави Коцевска.

Судијката Дијана Груевска Илиевски, рече дека судот е многу добро запознаен со здравствената состојба и поради итност со негова согласност е однесени на операција во петокот.

– Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа – изјави Груевска Илиевски.

Јавното обвинителство, рече дека ги сослушале наводите и по разгледување на документацијата на крајот од денешната расправа ќе одлучат дали ќе се произнесат или тоа ќе го направат писмено.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Осум деца се убиени во пукотница во САД
Следна Статија (ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Четири години земал мито по 200 евра: Референт од Македонски шуми заврши во притвор

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за пожарот во „Пулс“: Прскалките се активирале „на копче“

Продолжува сослушувањето на сведоците за една од најголемите трагедии во Македонија – пожарот во Кочани. Денешното рочиште откри нови детали…

February 25, 2026
ХРОНИКА

Фотоапарати, цигари, дрога, автоделови, керамички плочки, облека, заплени Царинската управа

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока,…

November 18, 2025
ХРОНИКА

Татко ја допирал по телото неговата 13-годишна ќерка

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 44-годишник од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?