Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово

Објавено April 20, 2026 11:58
Сподели
Сподели

Екипите на „Чистота и зеленило“ со механизација и денеска се на терен на депонијата Краста на пожарот кој избувна вчера околу 20 часот. Пожарот бил забележан стражарската служба. Од претпријатието велат дека денеска се работи со механизација.

– Работат машини и камиони, се носи земја и се врши покривање на местата зафатени со пожарот. Во моментов нема видлив пламен, но има чад – изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ.

Според него, станува збор за долгогодишен проблем поврзан со присуство на подземни гасови, особено метан, кој може да предизвика самозапалување, особено при одредени временски услови како ветер од јужен правец.

– Ова е стар, акутен проблем кој постои со децении. Пожарите на депонијата не можат да се гаснат со вода, туку единствен начин е нанесување земја – рече Томиќ.

Тој додаде дека состојбата е подобрена во однос на синоќа, кога имало поинтензивни пламени јазици, но дека и натаму има чадење на теренот. Екипите продолжуваат со работа, а се очекува во текот на денот или во наредните денови пожарот целосно да биде ставен под контрола.

Од „Еко Пчиња“ бараат итна реакција и одговорност, бидејќи се случува со години и ја загадува непосредната животна средина, како воздухот, така и почвата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Газда Деко во лоша здравствена состојба, бара домашен притвор
Следна Статија Муцунски: Во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларните претставништва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Концепт „Наше дете“

Последните трагични настани се уште еден доказ за целосната ерозија на системот. Кога изместениот систем на вредности и негативната селекција…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши

Во рамки на денешните активности, министерот за внатрешни работи, заедно со дел од раководството на Министерството, оствари посета на Отсекот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?