Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Официјално претставен новиот електричен Мерцедес АМГ ГТ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Официјално претставен новиот електричен Мерцедес АМГ ГТ
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Официјално претставен новиот електричен Мерцедес АМГ ГТ

Објавено May 22, 2026 08:45
Сподели
Сподели

Мерцедес официјално го претстави новиот АМГ ГТ купе-модел со четири врати. Препознатливиот V8 мотор заминува во историјата, а на негово место доаѓа моќен, целосно електричен погон. Иако нема вистински звук од ауспухот, автомобилот нуди уште поголема моќност и побрзо забрзување.

Надворешноста на автомобилот носи модерен изглед инспириран од концептниот модел АМГ ГТ XX, кој се одликува со спортска линија на покривот и елегантни, затемнети задни светла. Покрај естетскиот изглед, дизајнот нуди и врвна аеродинамика. Благодарение на подвижниот заден спојлер и дифузерот кои автоматски се активираат при големи брзини.

Внатрешноста е спој на луксуз и врвна технологија, каде што доминира новиот инфозабавен систем со големи екрани наменети за возачот и сопатникот. Кабината е изработена од висококвалитетни материјали како кожа, карбон и метал, а посебен детаљ е панорамскиот стаклен покрив “Скај Контрол”. Овој „магичен“ покрив има вградени ЛЕД светла кои го прикажуваат логото на АМГ, а со едноставно притискање на копче стаклото може да премине од проѕирно во целосно заматено. Иако просторот на задните седишта е малку ограничен, патниците во задниот дел сепак уживаат во удобност со сопствени контроли за климатизација и УСБ-Ц приклучоци. Како дополнителна практична карактеристика на овој електричен модел е малиот преден багажник, каде што е поставена уникатна плочка со QR код кој води до ексклузивни видеа и приказни од инженерите кои го создадоа автомобилот.

Автомобилот користи напредна батерија од 106 кВ/ч и три електромотори кои обезбедуваат погон на сите четири тркала со фокус на задниот дел. Со едно полнење може да помине до 700 километри (според WLTP), а благодарение на супербрзото полнење, за само 10 минути се добиваат дополнителни 460 километри досег.

На почетокот ќе бидат достапни две верзии:

GT55, 805 КС, 0-100 за 2.4 секунди

GT63, 1,153 КС, 0-100 за 2.0 секунди

Максималната брзина на двата модели е електронски ограничена на 300 км/ч.

За оние кои ќе жалат по стариот мотор, во Спорт+ режим автомобилот преку звучниците испушта вештачки, но многу реален звук кој го имитира звукот на моќниот V8.

Официјалните цени сè уште не се објавени, но се очекува почетната цена да биде шестцифрена бројка (над 100.000 евра) и да биде повисока од претходниот модел. Новиот АМГ ГТ се очекува во салоните во втората половина на 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седлоски го повика синот на претседателот на ФФМ
Следна Статија Иран се закани: Ќе го исклучиме интернетот под Ормутскиот теснец, ќе нема половина свет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

AWS серверите паднале: Влијание врз повеќе онлајн игри

Застој кај Amazon Web Services предизвика прекини во работењето на популарни онлајн игри

December 26, 2025
ЗАБАВА

Под сомнение за вмешаност во смртта на својот татко: Уапсен синот на основачот на „Манго“

Шпанската полиција денеска го уапси Џонатан Андик, син на починатиот милијардер и основач на познатата модна куќа „Манго“, Исак Андик,…

May 19, 2026
ЗАБАВА

Обичаи и верувања: Утре се слави Покров на Пресвета Богородица – празник на жените

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот…

October 13, 2024
ЗАБАВА

Туристки изеле пица и избегале од ресторан во Италија – сопственичката сама им влегла во трагата

Сопственичка на италијанска пицерија стана херој на социјалните мрежи откако лично ги пронајде и им наплати на двете туристки кои…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?