Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Папата Франциск на сите им го честитaше Велигден од балконот на базиликата на свети Петар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Папата Франциск на сите им го честитaше Велигден од балконот на базиликата на свети Петар
СВЕТ

(ВИДЕО) Папата Франциск на сите им го честитaше Велигден од балконот на базиликата на свети Петар

Објавено April 20, 2025 15:19
Сподели
Сподели

Папата Франциск денеска кратко се појави на балконот на црквата Свети Петар за традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (До градот и светот“), на крајот од велигденската литургија, која на плоштадот Свети Петар ја отслужи кардиналот Анџело Комастри, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Тој беше поздравен со овации од присутните верници на плоштадот Свети Петар.

„Драги браќа и сестри, честит Велигден, рече папата и читањето на пораката му го препушти на монсињор Диего Равели.

Папата Франциск уште еднаш го насочи вниманието на насилството врз жените, како што направи вчера во проповедта на Велигденското бдение. Во текстот на пораката, Франциск нагласува дека во Божјите очи „секој живот е скапоцен! Оној на детето во утробата на неговата мајка, како оној на постарите или болните, кои во се поголем број земји се сметаат за луѓе што треба да се отфрлат”.

„Колку многу желба за смрт гледаме секој ден во многуте конфликти што ги погодуваат различните делови на светот! Колку насилство често гледаме дури и во семејствата, врз жените или децата! Колку презир понекогаш се покажува кон најслабите, маргинализираните, мигрантите! На овој ден би сакал да се вратиме на надежта и да имаме верба во другите, дури и во оние што не се блиски до нашите обичаи и навики различни од најпознатите за нас, затоа што сите сме Божји деца!, посочува папата во пораката.

Тој повика на мир во Светата земја. „Загрижен сум поради растечката клима на антисемитизмот што се шири низ целиот свет. Во исто време, моите мисли се насочени кон населението, а особено кон христијанската заедница во Газа, каде што страшниот конфликт продолжува да генерира смрт и уништување и да предизвикува драматична хуманитарна ситуација. мир!“, вели тој во пораката.

„Не е можен мир без вистинско разоружување! Потребата на секој народ за обезбедување сопствена одбрана не може да се трансформира во општа трка во вооружување. Нека Воскреснатиот Христос го излее пасхалниот дар на мирот врз измачената Украина и нека ги охрабри сите вклучени актери да продолжат со своите напори за постигнување праведен и траен мир“, пишува папата во пораката прочитана од монсињор Равели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Сиљановска Давкова и Мицкоски со министрите Николоски и Тошковски за Велигден во Охрид
Следна Статија Овој хороскопски знак ќе има магично лето: Ќе им цутат рози на сите полиња, а парите ќе се лепат за нив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мета ја презема компанијата Манус, заокружувајќи година на агресивни потези во областа на вештачката интелигенција

Мета Платформсја презеде Манус, развивач на општоупотребливи AI агенти од Сингапур, заокружувајќи година на масивни инвестиции во вештачка интелигенци

December 31, 2025
СВЕТ

Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Бајден

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател Џо Бајден. Тие се среќаваат во…

November 13, 2024
СВЕТ

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“…

December 16, 2025
СВЕТ

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?