Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта
СВЕТ

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Објавено November 25, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.

Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека се среќни поради тоа, објави Вашингтон тајмс.

Дури 59 отсто од анкетираните се задоволни од потезите на Трамп во периодот на трансферот на власта. Меѓу републиканците, 54 отсто се возбудени што Трамп ќе направи кога ќе ја преземе функцијата, додека 41 отсто се изјасниле дека се оптимисти за тоа.

Меѓу демократските испитаници, 50 отсто рекле дека се плашат што ќе направи Трамп кога ќе ја преземе функцијата, а 30 отсто рекле дека се загрижени.

Повеќето републиканци, дури 78 отсто, изјавија дека победата на Трамп ги инспирирала да го поддржат.

Кога станува збор за луѓето кои Трамп ги избрал за членови на неговата администрација, 89 отсто од испитаниците веруваат дека е важно овие луѓе искрено да го изразат своето мислење, додека 86 отсто рекле дека е важно да имаат искуство во секторот или агенцијата што ќе ја водат.

Повеќе од половина од анкетираните Американци (65 отсто) сметаат дека демократијата во САД е под закана, додека 35 отсто мислат дека не е.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот
Следна Статија Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин за време на нивниот телефонски разговор денеска се согласија дека војната…

March 18, 2025
СВЕТ

Кубанскиот претседател повика на воена подготвеност поради американските закани

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел повика на воена подготвеност на неговата земја како средство за одвраќање од потенцијална американска агресија, по…

January 25, 2026
СВЕТ

Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го…

March 10, 2025
СВЕТ

Нетфликс се брани од закани за тужба на Дидај за документарецот

Нетфликс одговара на наводите на Шон Комбс за документарната серија

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?