Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство
СВЕТ

Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство

Објавено July 7, 2025 17:58
Сподели
Сподели

Рускиот министер за транспорт, Роман Старовоит, кој утринава беше разрешен од функцијата со указ на рускиот претседател Владимир Путин, во текот на денот беше пронајден мртов во Одинцово, во Московскиот регион, откако извршил самоубиство, објавија московска „Известија“ и Рен ТВ, повикувајќи се на свои извори.

Како што објавува Инфо24, телото на функционерот е пронајдено во неговиот дом во Одинцово, во Московскиот регион. Според информациите од каналот 112, поранешниот гувернер на Курската област Алексеј Смирнов, кој претходно беше уапсен за проневера при изградба на заштитни објекти, претходно сведочел против министерот, по што Старовоит беше разрешен од функцијата.

Путин на местото на разрешениот Старовоит за вршител на должноста министер за транспорт денеска го назначи Андреј Никитин.

Старовоит од мај 2024 година беше задолжен за транспортниот оддел, а на таа функција дојде како гувернер на Курскиот регион, наведоа руските медиуми.

Бриселскиот портал „Политико“ тврди дека Путин го заменил Старовоит откако Украина за време на викендот го загрози рускиот воздушен сообраќај.

Руската влада не даде официјално објаснување за смената на Старовоит, но промената дојде откако украинските напади со беспилотни летала за време на викендот предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај во земјата, при што илјадници патници останаа заглавени на аеродромите поради откажани летови, пренесе бриселскиот портал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен Дејан Савичевиќ
Следна Статија Ќе има прецизни и таргетирани мерки за зголемената инфлацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Ким Џонг-ун патува со оклопниот „зелен воз“ кон Пекинг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, тргна од Пјонгјанг со својот препознатлив зелен оклопен воз и во утрово ја премина…

September 2, 2025
СВЕТ

Германија: Масивна потера по сторителот на двојно убиство близу Франкфурт

Полицијата ја продолжува потрагата по напаѓачот кој застрела и уби двајца мажи во германскиот град Бад Наухајм, северно од Франкфурт,…

April 20, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост, 22 повредени

Најмалку 22 лица се повредени, а тројца се во сериозна состојба откако брод за обука на мексиканската воена морнарица се…

May 18, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп до новинарка: Замолчи свињо

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја вознемири американската јавност со своето однесување, откако во директен пренос навреди новинарка и…

November 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?