Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот
БАЛКАН

Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Објавено November 25, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа гостуваше на британскиот јавен сервис Би-Би-Си каде изјави дека цел на државата е да стане полноправна членка на Европската унија и дека никогаш не го признале Косово.

-Нашата цел е Србија да стане полноправна членка на ЕУ, но да ги има нашите традиционални пријатели и партнери на исток. На патот кон Европа не можете да постигнете ништо без мир и стабилност.

Тој потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп го прашал дали има проблеми со Кинезите, а тој одговорил дека нема. Во врска со Косово Вучиќ изјави:

-Никогаш не сме го признале Косово. Никогаш не било кажано, никогаш не било напишано. Се трудиме да живееме во мир.

На прашањето за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ потсети дека бил нападнат за време на неговата посета на тој град и дека 109 земји од светот во Генералното собрание на ОН го делат мислењето на Србија за тоа дали станува збор за геноцид.

-Секогаш бев подготвен да признаам дека масакрот во Сребреница беше страшен.

Секогаш сум подготвен да им оддадам почит на жртвите, но не сум подготвен да зборувам на тој начин и да поставувам нови политички прашања и нови политички проблеми – изјави Александар Вучиќ.

-Никој не негира што се случи во Сребреница. Верувам во помирување во регионот, но не верувам во таков наратив што ќе донесе повеќе конфликти, рече Вучиќ.

За прашањето за „големосрпската идеологија“, Вучиќ вели дека тоа е измислена приказна од луѓе кои сакаат да и нанесат штета на Србија.

-Зарем не е малку лицемерно во целиот свет да се обединуваат народи кои имаат ист јазик и ист идентитет, а за тоа се обвинува Србија. Србија има свои граници според уставот и резолуциите. Ништо повеќе не ни треба“.

Тој укажа на фактот дека западните земји земаат повеќе нафта и гас од Србија, иако и воведоа санкции.

-Седиме само на српското столче. Многу сум горд на тоа. Тоа значи дека ние самите одлучуваме – рече претседателот на Србија и додаде дека ставот на Србија е принципиелен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овенот го заобиколуваат проблемите, а Ракот бара дополнителен ангажман
Следна Статија Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Српски функционер призна дека фалсификувал документ за плац што го сака зетот на Трамп

Српската агенција Бета пренесе вест од Франс Прес кои објавија денеска дека функционер на службата за заштита на културното наследство…

May 15, 2025
БАЛКАН

Четири лица загинаа, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Анкара

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад…

October 23, 2024
БАЛКАН

Зголемени безбедносни мерки за Вучиќ по инцидент со службеното возило

Специјалната единица „Кобри“, која е задолжена за безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ, го подигна нивото на заштита на највисоко…

February 9, 2025
БАЛКАН

Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава

Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-март, забележале раст од четири отсто споредено…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?