Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
БАЛКАН

За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос

Објавено February 13, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ синоќешната блага сеизмичка активност, „бидејќи земјотресите ќе продолжат уште долго и ќе имаме земјотреси над 5 степени според Рихтер“.

Грчките сеизмолози во изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со недели, па дури и месеци, а категорично ја отфрлаат можноста за активирање на вулканот кај Санторини.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 10 февруари, биле регистрирани над 15.300 земјотреси, од кои над 13.200 биле посилни од 1 степен.

Во понеделникот, на 10 февруари имало над 1.200 земјотреси, од кои над 240 биле посилни од 2,5 степени.

Со оглед на тоа што земјотресите интензивно се чувствуваат и на Аморгос што е во близина на епицентарот, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на островот е прогласена вонредна состојба, нешто што беше одлучено и за Санторини минатата седмица.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб
Следна Статија Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Бугарска европратеничка пее стара песна: Сме зборувале дијалект на бугарскиот јазик, а македонската историја била фалсификат

Бугарската европратеничка Рада Лајкова се огласи по инцидентот пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, каде што беа запалени дипломатски возила,…

June 20, 2026
БАЛКАН

Фондација на Виктор Стојанов в недела ќе ги блокира граничните премини кон Македонија

Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата која ќе…

June 17, 2026
БАЛКАН

Турските „Дубаи чоколада“ за „сиромашни“ се повлекуваат од БиХ

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина соопшти дека од пазарот се повлекуваат „Дубаи“ чоколадите, произведени во Турција,…

March 3, 2025
БАЛКАН

Убедлива победа на Милановиќ за втор мандат

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е поддржан од партијата СДП и коалицијата, победи по вториот круг на претседателските избори. Според…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?