Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Додик остана без дипломатски пасош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Додик остана без дипломатски пасош
БАЛКАН

Додик остана без дипломатски пасош

Објавено September 3, 2025 16:42
Сподели
Сподели

Откако Милорад Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи на БиХ за враќање на дипломатскиот пасош, неговата патната исправа денеска е автоматски поништена.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, пред 15 дена побара од поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, да го врати дипломатскиот пасош на Босна и Херцеговина, но осудениот лидер на СНСД одби, објавија локалните медиуми во БиХ.

Барањето беше испратено на 19 август, а рокот за враќање на пасошот истече денеска, 3 септември. Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи, па денеска неговиот пасош беше автоматски поништен и прогласен за неважечки.

Конаковиќ го испрати барањето откако на Додик му беше законски одземен мандатот како претседател на РС, поради пресудата на Судот на Босна и Херцеговина. Одлуката за одземање на мандатот стана конечна на 18 август.

Имајќи предвид дека одредбите од член 9, став (1) од Правилникот за издавање дипломатски пасоши („Службен весник на Босна и Херцеговина“, бр. 95/14, 28/18 и 36/20) пропишуваат дека носителот на дипломатски пасош, кој го изгубил статусот врз основа на кој го стекнал правото на тој пасош, е должен да го врати пасошот на подносителот на барањето од член 5 од овој Правилник во рок од 15 дена од денот на престанокот на статусот, и имајќи предвид дека со Одлуката на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина бр. 06-01-07-1-939/25 од 06.08.2025 година е утврден прекин на мандатот на Милорад Додик, со ова го покануваме назначеното лице да го врати дипломатскиот пасош“, се наведува во писмото упатено до Додик.

Од друга страна, Додик во меѓувреме редовно го користел својот дипломатски пасош за време на патувањата. Тој трипати бил во Србија. Сега може да патува, но со обична патна исправа, без дипломатските бенефиции што ги имаше.

Министерството за надворешни работи денеска ќе ја извести Граничната полиција на БиХ и дипломатско-конзуларната мрежа дека неговиот пасош е поништен и дека нема да може да ја премине државната граница со него

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Виз Ер“ со летови: До Скопје од Будимпешта и Наполи, до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано
Следна Статија Николоски: За еден месец овозможивме 11 нови авиолинии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) Увидот по падот на настрешницата во Нови Сад е извршен во една ноќ: „Тоа може да има последици“

Во една ноќ е извршена истрагата на Железничката станица во Нови Сад по падот на настрешницата кога загинаа 14 лица.…

November 7, 2024
БАЛКАН

Колку чини сместување во Грција оваа сезона?

Без разлика дали планирате да престојувате во луксузен хотел, апартман или камп, дознајте што да очекувате од цените за сместување…

May 20, 2025
БАЛКАН

Бугарите и Србите наголемо купуваат недвижен имот на Халкидики

Халкидики стана арена на бугарско-српска трка за купување имоти, пишуваат бугарските медиуми. Бугарите градат хотели, а Србите купуваат приватни станови.…

March 4, 2025
БАЛКАН

„ВЕ САКАМЕ“, им кажа Мерц на земјите од Западен Балкан на Самитот во Тиват

Европската Унија им сигнализирала на шесте држави од Западен Балкан дека треба да станат нејзини членки, изјави германскиот канцелар Фридрих…

June 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?