Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ратко Младиќ доживеал мозочен удар во притворот во Хаг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Ратко Младиќ доживеал мозочен удар во притворот во Хаг
БАЛКАН

Ратко Младиќ доживеал мозочен удар во притворот во Хаг

Објавено April 15, 2026 19:57
Сподели
Сподели

Осудениот воен злосторник и поранешен генерал на босанските Срби – Ратко Младиќ (84), доживеа мозочен удар. Тој е во сериозна состојба, тврди неговиот син Дарко Младиќ.

Младиќ отслужува доживотна казна затвор во Хаг, каде што е осуден за низа воени злосторства, меѓу кои најтежок е геноцидот во Сребреница.

Неговиот син изјави дека доживеал мозочен удар во петокот, 10 април, но дека семејството сè уште не ја добило медицинската документација.

Тој бил однесен во болница, а вратен во притворот е истиот ден, тврди Дарко Младиќ.

Според него, Младиќ е во многу лоша состојба, повеќе не може да седи во инвалидска количка и тешко му е да комуницира.

Од 2024 година е сместен во затворската болница во Хаг. Минатото лето, судот го отфрли неговото барање за итно ослободување во Србија од здравствени причини.

Ратко Младиќ, воен командант на Војската на Република Српска, беше осуден на доживотен затвор во 2017 година пред Хашкиот суд.

Пресудата стана правосилна по второстепената одлука од 2021 година.

Младиќ беше прогласен за виновен за геноцид (по две точки), злосторства против човештвото (по пет точки) и воени злосторства (по четири точки) што ги извршил како највисок воен командант на Војската на Република Српска, со цел создавање на Република Српска.

Тој се криел од судството 16 години, а бил уапсен во Србија во 2011 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон
Следна Статија AфД е најпопуларна партија во Германија, покажале најновите истражувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарското вето за Србија е поради добрите врски со Македонија

Бугарија ги блокира преговорите со Србија поради Македонија. Потегот на Софија беше очекуван ако се знаат добрите односи помеѓу Белград и…

December 6, 2024
БАЛКАН

Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)

Владата на Албанија продолжува со обемна операција за отстранување на бесправно изградени објекти, како дел од стратегијата за пристапување во…

August 11, 2025
БАЛКАН

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат

Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија денеска со јавно писмо ги поддржаа студентите во нивните протести и барања, а…

January 6, 2025
БАЛКАН

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан- ќе остане ли регионот без иднина?

Во изминатите десет години, над 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан во потрага по подобар живот, покажуваат податоците на…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?