Голем пожар избувна денес во центарот на Белград, во паркот „Кирил и Методиј“, познат како „Чациленд“, а според снимките од местото на настанот, густ црн чад се издига над центарот на градот.
Според првичните информации, пожарот зафатил шатор поставен пред зградата на Српското народно собрание.
Za sada po prvim informacijama gori Ćacilend. Čula se pucnjava, moguće je da ima ranjenih…. pic.twitter.com/JEAiU5WeF6
— Srđan Milivojević (@srdjanmil037) October 22, 2025
За пожарот пред пред Српското народно собрание во паркот, објави и опозициската политичарка Мариника Тепиќ.
Таа вели дека најпрво се слушнало пукање по што избил пожар.
На почетокот на видеото се гледа како еден човек куца, како да е ранет, по што неколку полицајци трчаат кон шаторите и се слушаат истрели.
Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19
Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp
— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October 22, 2025
Полицајците го повикувале напаѓачот да го фрли оружјето. Фрли го оружјето“, вика еден од нив, додека во позадина се слушаат наредби: „Легни, легни“.
Сите полицајци се засолниле и не долго потоа, пожарот започнал. Едно лице излегло од шаторот и легнало на земја.
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди за порталот Нова.рс дека пожарот пријавен во 10:17 часот, во меѓувреме е локализиран.
Пожарникарите и полицијата се уште се на терен, а причината за пожарот ќе се утврди со истрага.
Српската радиотелевизија (РТС) неофицијално објави дека причина за пожарот е боца со гас.