Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија се евакуирани од вечерата на дописниците од Белата куќа во саботата навечер по локално време откако настанот во хотелот „Вашингтон Хилтон“ беше прекинат поради пукотница.
Од видеата може да се види дека стотици гости се криеја под масите во балската сала, додека агенти на американската тајна служба ги извадија новинарите од просторијата.
Breaking:
Erisajja limumira mwoyo ligezezaako okubandaggaza Donald Trump ebyaasi bino bibadde mu White house nga bali ku Dinner Bamuddusiza bakulula mukulule.@USATODAY @USEmbassyUganda pic.twitter.com/lQ2RBP9lnR
— CBS FM UG (@cbsfm_ug) April 26, 2026
Џеф Керол од полициската станица „Метрополитен“ изјави дека осомничениот „нападнал контролен пункт на американската тајна служба“ вооружен со пушка, пиштол и повеќе ножеви, пред да биде соборен на земја и врзан со лисици.
„Се чини дека вооружениот бил сам“, рече Керол.
Американскиот обвинител за округот Колумбија, во кој се наоѓа главниот град Вашингтон, изјави дека осомничениот е обвинет за кривично дело напад со огнено оружје.
Според информациите што ги пренесуваат светските медиуми, осомничениот за пукањето е идентификуван како 31-годишниот Кол Томас Ален, од Торанс, Калифорнија.
🇺🇸 The moment the attacker was arrested at the security gate entering the White House press room in the Hilton Washington hotel. pic.twitter.com/vAa5C2Cx5a
— Silent Politics◾️ (@silentpolitics1) April 26, 2026
Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Баузер, изјави дека осомничениот е префрлен во локална болница за лекарски прегледи.
Претседателот Трамп подоцна рече дека еден полицаец бил застрелан, но „го спасил фактот што носел очигледно многу добар панцир“. Тој го пофали одговорот на органите за спроведување на законот.
„Маж нападна безбедносен контролен пункт вооружен со повеќе оружја и беше соборен од неколку многу храбри членови на Тајната служба. Тој човек додека беше на подот изгледаше прилично злобно“,рече Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа по инцидентот.
