Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо
СПОРТ

(Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо

Објавено October 23, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата сезона Интер, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабу“ во Мадрид. Реал го пречека Јувентус и славеше со 1:0 со голот на Белингем во 57-та минута.

Реал доминираше, создаваше шанси, но и Јувентус неколку пати беше иксклучително опасен пред голот на Куртоа. Непосредно пред голот на Белингем, Влаховиќ не реализираше во ситуација „еден на еден“ со Куртоа.

 

Ливерпул во Франкфурт, против најлошата одбрана во Лигата на шампионите ја прекина низата од четири порази. Ајнтрахт први постигнаа гол, но потоа Ливерпул жестокот одговори. До крајот на мечот „црвените“ постигнаа пет гола.

Баерн со 4:0 славеше во дуелот со Клуб Бриж. Натпреварот го обележа тинејџерот Ленарт Карл. Дебитираше во Лигата на шампините и по само четири минути постигна гол. Стана најмладиот стрелец за Баерн во историјата на елитното натпреварување.

Тинеџерите го обележаа и натпреварот меѓу Челзи и Ајкас (5:1). „Сините“ доминираа бидејќи од 15-та минута играа со фудбалер повеќе. Тројца тнејџери: Гиу, Естевао и Џорџ постигнаа по еден гол.

 

Резултати: Ајнтрахт Франкфурт – Ливерпул 1:5, Монако – Тотенхем 0:0, Баерн – Клуб Бриж 4:0, Реал Мадрид – Јувентус 1:0, Аталанта – Славија Прага 0:0, Челзи – Ајакс 5:1 и Спортинг Лисабон – Олимпик Марсежј 2:1.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ден на македонската револуционерна борба
Следна Статија Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Истрагата потврди: позната причината за несреќата во која загина Диого Жота

Фудбалскиот свет беше шокиран во четврток од веста дека Диого Жота, ѕвезда на Ливерпул и португалската репрезентација, загинал во сообраќајна…

July 9, 2025
СПОРТ

Најтрофејниот скијач во историјата најави крај на кариерата

Легендарниот скијач Марсел Хиршер доживеа нова тешка повреда на коленото и најави дека ова можеби е крај на неговата трофејна…

December 4, 2024
СПОРТ

(Видео) Спектакл во Штутгарт – Шпанија преку Франција до финалето во Лигата на нации

Шпанија и Франција одиграа спектакуларно второ полуфинале во Лигата на нации. Финале избори Шпанија со победата 5:4 на стадионот во…

June 6, 2025
СПОРТ

(Видео) Израелски навивачи претепани во Амстердам; Нетанјаху: Испраќаме спасувачки авиони

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив „синоќа беа нападнати од заседа во Амстердам“ додека го напуштаа стадионот по…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?