Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион
СПОРТ

(Видео) Јунајтед во нестварен натпревар го елиминира Лион

Објавено April 18, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Манчестер јунајтед, Атлетик Билбао, Тотенхем и изборија пласман во полуфиналето во Лига Европа.

Три од четирите натпревари останаа во сенка на она што се случуваше на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Веројатно вечерва го видовме најдобриот натпревар оваа сезона во Европа.

Неверојатен ролекостер, Јуннајтед до 71.минута имаше водство 2:0, Лион успеа да се врати во интервал од седум минути, во 89.минута Толисо го доби вториот жолт картон, но и со играч помалку играчите на францускиот тим во продолженијата постигнаа два гола.

И тогаш се случи чудо, во периодот од 114. до 121.минута Манчестер јунајтед постигна три гола Бруно Фернандеш од пенал, Мејну и Мегваер за пласман на „црвените ѓаволи“ меѓу најдобрите четири екипи во Лига Европа.

Манчестер јунајтед во полуфиналето ќе игра против Атлетик Билбао на чии стадион сезонава ќе се одигра финалниот меч.

Баските рутински славеа над Глазгов Ренџерс со 2:0. Стрелци на головите беа Сансет од пенал и Нико Вилијамс.

Драма не онанква како во Манчестер се случи и на Олимпико во Рим. Бодо/Глимт го постигна најголемиот успех во клупската историја го елиминира Лацио по изведувањето пенали.

Лацио поведе со голот на Кастељанос, а предноста од 0:2 по првиот меч ја анулира во 93.минута со голот на Нослин. Во 100.минута Диа го постигна третиот гол за Лацио, а пенали за Бодо/Глимт избори Хелмарсен во 109.минута.

Пенал серијата фудбалерите од Норвешка ја добија со 3.2. Чауна, Нослин и Кастељанос не беа прецизни. Хаикин ги одбрани пеналите на Чауна и Кастељанос, а Нослин го промаши голот.

Тотенехм по 1:1 во првиот дуел успеа во реваншот да го победи Ајнтрахт во Франкфурт со голот на Соланке. Тимот од Лондон во полуфиналето ќе игра против Бодо/Глимт.

Полуфиналните натпревари на програмата се на 1. и 8. мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување
Следна Статија Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Наше „дете“ ќе ги тренира фитнес европските судии

Фудбалската федерација на Македонија со особена гордост информира дека нашиот национален кондиционен тренер на фудбалските судии, Сашо Даневски, од страна…

May 7, 2026
СПОРТ

ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031

ФИФА планира во иднина да оствари приход од една милијарда долари од светските првенства за жени, почнувајќи од и во…

May 14, 2025
СПОРТ

Голема победа на Њујорк Никс, ЛА Лејкерс пред елиминација (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа против Детроит Пистонс со 94-93 и поведоа со 3-1 во серијата од плејофот од НБА-лигата.…

April 28, 2025
СПОРТ

Партизан ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?