(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

- Advertisement -

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена е вонредна состојба со полициски час во погодените подрачја, каде се распоредени војници.

Третиот ден од фестивалот Виња дел Мар, најголемиот музички настан во Латинска Америка, е откажан. Болниците и затворите ширум државата работат на генератори за итни случаи, а сообраќајот е во застој.

Претседателот Габриел Бориќ ѝ се обрати на нацијата на телевизија, велејќи дека осум милиони домаќинства се погодени, но дека електричната енергија е вратена на околу половина од нив. „Она што се случи денеска е срамота“, рече тој. „Не е прифатливо една или неколку компании да влијаат на секојдневниот живот на милиони Чилеанци и затоа е должност на државата да ги повика на одговорност“.

Националната служба за спречување и одговор при катастрофи претходно објави дека прекинот на електричната енергија ги зафатил регионите Арика и Паринакота на север сè до Лос Лагос на југ.

Ројтерс објави дека најголемиот рудник за бакар во светот, Ескондида, останал без струја, повикувајќи се на извор близок до тоа прашање

Сподели ја оваа статија