Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Ројтерс објави снимка од копањето на гробните места на кочанските гробишта за починатите во пожарот

Објавено March 17, 2025 21:57
Сподели
Сподели

Кочанските гробишта се прошируваат поради големиот број починати во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Жртвите од трагедијата ќе бидат погребани на посебен дел од градските гробишта во Кочани. Британската новинска агенција Ројтерс објави видеоснимка на која од птичја перспектива се гледа откопувањето на гробните места каде што ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани.

„Булдожери и работници со лопати ископаа ред гробници на гробиштата во Кочани во понеделникот“, пишува Ројтерс под видеото објавено на социјалните мрежи.

Од Општина Кочани информираа дека по одржаниот колегиум утринава е упатена препорака до кочанското јавно претпријатие „Водовод“ за проширување на парцелите на градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот. Дополнително, донесена е и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги кои се во надлежност на кочанското претпријатие „Водовод“.

Во пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќта помеѓу 15 и 16 март загинаа 59 млади лица, главно на возраст од 14 до 25 години, а над 150 други се повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени
Следна Статија Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Полицајци спречија девојка да си го одземе животот, приведен маж поради сомнение за проституција

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да…

July 23, 2025
ХРОНИКА

Тројца малолетници пријавени за исчезнати

На 14.10.2024 во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков преку социјалните мрежи реагираше на вчерашната прес конференција на која за првпат во јавноста се…

February 8, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената

На 17.05.2025 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ќ.(33) од Скопје. тој се сомничи…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?