Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Гори Москва по најголемиот украински напад: Има мртви и ранети, аеродромите се затворени, дронови удрија пред зора на главниот град на Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Гори Москва по најголемиот украински напад: Има мртви и ранети, аеродромите се затворени, дронови удрија пред зора на главниот град на Русија
СВЕТ

(Видео) Гори Москва по најголемиот украински напад: Има мртви и ранети, аеродромите се затворени, дронови удрија пред зора на главниот град на Русија

Објавено March 11, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Русија ноќеска одби напади со 337 украински беспилотни летала, а московскиот регион, каде загина едно лице, беше една од целите на најголемиот напад на нејзина територија од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година.

Нападот се случи неколку часа пред почетокот на разговорите во Саудиска Арабија меѓу украинските и американските претставници за барање решение за конфликтите во Украина, во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се залага за нивно брзо завршување.

Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 337 украински беспилотни летала, од кои 91 беа во регионот на Москва и 126 во областа Курск, која граничи со Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

Цел на нападот бил и регионите Брјанск и Белгород кои се граничат со Русија, како и Рјазан, Калуга, Воронеж и Нижни Новгород.

Најголемиот напад на непријателски беспилотни летала врз Москва е одбиен, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин преку Телеграм, прецизирајќи дека беспилотните летала ги погодиле селото Сапроново и градот Рамескоје, во пошироките предградија на Москва.

Гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов објави дека едно лице загинало, а три се повредени во нападот, на две локации лоцирани во пошироките предградија на руската престолнина.

Починатиот бил вработен во дистрибутивниот центар на агроиндустриската компанија Мираторг, чии неколку објекти биле оштетени во нападот, се вели во соопштението на компанијата на својата веб-страница.

Новинарите на агенцијата Франс прес објавија дека во една од станбените згради погодена од урнатини од дронови во московскиот регион, биле скршени прозорци, а балкон делумно се урнал.

доаѓа неколку часа по посетата на Москва на генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Феридун Хади Синирлиоглу, кој денеска треба да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Меѓународниот аеродром Внуково го прекина сообраќајот, додека три други аеродроми кои ја опслужуваат Москва – Домодедово, Жуковски и Шереметјево – воведоа привремени ограничувања, објави Росавијација, руската федерална агенција за воздухопловство.

Иако Украина и Русија секојдневно испраќаат десетици беспилотни летала, самата руска престолнина ретко е цел.

Украина ќе им предложи план за делумен прекин на огнот со Русија на Соединетите држави за време на денешниот состанок во Џеда, Саудиска Арабија, со надеж дека ќе ја поврати поддршката од Вашингтон по неодамнешното влошување на нивните односи. Разговорите во Џеда ќе бидат први на толку високо ниво меѓу украинските и американските претставници по вербалниот судир на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа кон крајот на февруари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: Болшевички пленумци му нанесоа страшни повреди на полицаецот
Следна Статија Капушевски до Лупевска: Ако не носам мазут ќе нема струја и ти не можеш да одиш на фризер да се исфенираш за на емисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Пакистан тврди дека Индија подготвува напад; Индија: Пакистански војници пукаа на границата

Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, вчера изјави дека неговата земја има веродостојни разузнавачки информации дека Индија има намера да…

April 30, 2025
СВЕТ

Зеленски одбил да ја потпише понудата на Трамп за минералите

И покрај силниот притисок од Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да потпише нацрт-договор со кој половина од украинските ретки…

February 15, 2025
СВЕТ

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Одлука за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Да потсетиме, на…

March 3, 2025
СВЕТ

Руски бомбардери го убија најбараниот криминалец во светот

Лидерот на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, чии сили вчера упаднаа во сирискиот град Алепо, наводно е…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?