Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка
СВЕТ

Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

Објавено June 15, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

– Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.

Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници: „Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн“.

Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, борат – и победуваат, победуваат, победуваат, додаде американскиот претседател.

Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и ветераните. – Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години – Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно, истакна Трамп.

Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Шок-глетка“ од центарот на Скопје – Каков впечаток ќе добијат туристите кои прв пат доаѓаат?
Следна Статија Доларот на најниско ниво во последните три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид повика синоќа, пред илјадниците демонстранти собрани во Тел Авив, на генерален штрајк доколку премиерот…

March 23, 2025
СВЕТ

Трамп води во Висконсин со 89% преброени гласови

Доналд Трамп води со 120.000 гласови во Висконсин, со скоро 90% преброени гласови во оваа клучна држава. Висконсин има 10…

November 6, 2024
СВЕТ

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди…

October 5, 2025
СВЕТ

Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави вчера дека ЕУ треба да постигне „брз и едноставен“ трговски договор со САД, а не…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?