Руски крипто милионер загина во ужасна сообраќајна несреќа во Москва. Неговото луксузно Ламборџини се запали откако се преврте на автопат.
Алексеј Долгих (36) возел тројца пријатели во неговото Ламборџини Урус вредно речиси 375.000 евра со брзина од 145 км/ч кога ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда.
Автомобилот се кренал во воздух и се превртел на покривот околу 1:30 часот наутро, пред да падне на патот и да се запали во ужасна експлозија, објавува The Sun.
Криптобизнесмен Алексей Долгих погиб в результате аварии в Москве, пишет ТАСС со ссылкой на правоохранительные органы.
ДТП на Международном шоссе произошло в ночь на воскресенье. Автомобиль Lamborghini врезался в дорожное ограждение, затем опрокинулся и загорелся. Как сообщили… pic.twitter.com/e96KKoLznl
— ⭐️Oles Filonenko⭐️ (@FilonenkoOles) November 9, 2025
Делови од автомобилот прелетале преку мост, а купишта пари биле видени расфрлани по Меѓународниот автопат.
Покрај бизнисменот, загинал и Иван Соловјов, еден од патниците во автомобилот. Никита Тезиков (21) и Кирил Мохалов (22) биле итно префрлени во болница со тешки повреди, но чудесно преживеале.
Државниот сообраќаен инспекторат потврди дека Долгих ја изгубил контролата кога удрил во заштитната ограда, по што автомобилот се превртел. Причините и сите околности за несреќата се истражуваат, соопшти полицијата.
Долгих наводно е на црната листа на руските банки во последните неколку месеци поради сомнение за перење пари.
Откако го купил Ламборџинито пред само 15 месеци, тој собрал вкупно 586 казни. Повеќето од нив биле за прекршоци со пребрзо возење, според локалните медиуми.
Несреќата се случила веднаш по бруталното убиство на крипто тајкунот Роман Новак (38) и неговата поранешна сопруга, телевизиската новинарка Ана (37).