Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Борба на живот и смрт меѓу украински и руски војник (Вознемирувачко видео)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Борба на живот и смрт меѓу украински и руски војник (Вознемирувачко видео)
СВЕТ

Борба на живот и смрт меѓу украински и руски војник (Вознемирувачко видео)

Објавено January 4, 2025 11:40
Сподели
Сподели

На интернет кружи осумминутна снимка од брутална пресметка меѓу Украинец и руски војник, која заврши со победата на рускиот војник врз украинскиот војник.

Како што може да се прочита од странските медиуми, видеото го снимила камера на кацигата на украинскиот војник. На веб-страницата Редит е објавена наводна фотографија од рускиот војник по интензивната битка.

На осумминутната снимка од камерата на еден украински борец се гледаат двајца мажи како пукаат еден во друг во близина на урнатините на бомбардирана зграда. Украинецот потоа успева да му пријде на Русинот и да му ја зграпчи автоматската пушка, што доведува до борба која завршува со тоа што рускиот војник извадил нож и му го заби на противникот во бутот.

На видеото, според странските медиуми, се слуша како разменуваат навреди, а украинскиот војник бесно му кажува на рускиот војник дека дошол да ја нападне неговата татковина. Меѓутоа, украинскиот борец паѓа на земја откако рускиот војник го расекол со нож.

Неидентификуваниот ранет борец, кој губи крв, ѝ праќа пораки на мајка си додека го зема последниот здив. „Тоа е тоа, мамо. Збогум“.

Рускиот војник потоа му приоѓа на ранетиот борец и клекнува до него. „Ми го пресече целото тело“, заплака во тој момент украинскиот борец.

Додека лежи ранет, Украинецот го моли Русинот да го пушти да умре сам. “Ти благодарам. Ти беше најдобриот борец на светот. Збогум, ти беше подобар”.

Во тој момент рускиот војник се повлекол и му рекол „збогум“ на Украинецот. Поразениот Украинец потоа го извлекува затворачот на својата граната во обид да стави крај на сопствениот живот, но безуспешно.

Според странските медиуми, се претпоставува дека снимката е направена во Трудово, во областа Запорожје во Украина, а била снимена есента, но дури сега е објавена. Видеото од тепачката, со крајно вознемирувачка содржина, можете да го погледнете на следниот линк од британски Сан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства
Следна Статија Џенифер Лопез како “жешка“ каубојка: На одморот во Аспен позираше во бикини и крзнени чизми (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Голема корупциска афера ја тресе Украина – суспендиран министерот за правда

Украинската влада го суспендираше министерот за правда Герман Галушченко, објави украинската влада во среда. Галушченко е под истрага за корупција…

November 12, 2025
СВЕТ

Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела по експлозиите во Каракас

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас.…

January 3, 2026
СВЕТ

Полска го презеде претседавањето со ЕУ

На првиот ден од новата година Полска од унгарски раце го презеде ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, чиј фокус…

January 1, 2025
СВЕТ

Само по пасош сме Украинци, но ние сите сме Руси“, велат жителите на Покровск

Новинарска екипа на „Еуроуз“, во репортажа од градот Покровск, во Донбас, снимиле локални жители, коишто одбиваат да се евакуира на…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?