Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) СДСМ: Гласањето по пошта е нов обид за манипулација, Мицкоски не се откажува од изборен грабеж
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) СДСМ: Гласањето по пошта е нов обид за манипулација, Мицкоски не се откажува од изборен грабеж
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Гласањето по пошта е нов обид за манипулација, Мицкоски не се откажува од изборен грабеж

Објавено July 6, 2026 14:06
Сподели
Сподели

Од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има намера да внесе измени во изборниот модел за гласање на дијаспората кои отвораат простор за можни злоупотреби.

На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека првичниот обид за електронско гласање на дијаспората бил заменет со предлог за гласање по пошта, што не обезбедува доволно контроли и гаранции за заштита на изборната волја.

„Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200 000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протне шверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности. Не му е важна на Мицкоски реформската агенда, тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж“,рече таа.

Посочи дека ставовите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку се насочени кон обезбедување сигурен и транспарентен изборен процес.

„Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж“,вели портпаролката.

Кузеска вели дека нејзината партија не е против гласањето на дијаспората, додавајќи дека таа и сега има можност да гласа, но дека се против предложениот модел за промена на начинот на гласање.

„СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја“,додаде таа.

Според неа, замената на електронското гласање со гласање по пошта, без консензус и целосна улога на Државната изборна комисија во утврдувањето на правилата и контролата, не претставува унапредување на демократскиот процес.

„Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации. Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората. Од што се плаши власта“,праша Кузеска.

Од СДСМ прашуваат и зошто, доколку целта е фер и демократски изборен процес, се одбиваат механизми кои обезбедуваат контрола, доверба и консензус меѓу политичките чинители.

„Но, вистината е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација“,кажа таа.

СДСМ, додаде дека нема да поддржи изборен грабеж и дека нивна обврска е да го заштитат изборниот процес.

Од партијата повикуваат власта да се откаже од предложените измени и да достави решение во кое Државната изборна комисија, со консензус, ќе ги утврдува правилата за гласање на дијаспората.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Наместо нови ветувања, имаме започната реализација на автопатот Скопје-Блаце, оваа Влада ќе биде запаметена по проекти
Следна Статија Крадци во Грција користат спреј за зашеметување во апартмантите на туристите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

По вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши: Оваа кампања беше еден од најдобрите примери како се практикува демократијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го оствари своето право на глас на локалните избори. Во својата изјава за медиумите…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, за Град Скопје нема

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави 19 кандидати за градоначалници. Општина Центар, Горан Герасимовски Општина Аеродром, доктор…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?