Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО

Објавено January 19, 2026 17:47
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека на владата не и се важни реформите за европската иднина на државата и нема искрена намера да ја води земјата кон Европската Унија, туку единствено се грижи за бизнис-интересите на мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, е дека само еден голем бизнис за една мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ, значи дека немаат намера, исто како и досега, да сработат нешто од реформската агенда“, рече Филипче.

Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека со оваа влада нема реформи, туку само лажна пропаганда и спроведување на нивните бизниси.

„Се е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да тераат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за тендерите 161 тендер милионски тендери за компании вчера регистрирани на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, средби со луѓе на вицепремиерот, со луѓе блиски до Путин. Премиерот кажува реформската агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал разоткриени се“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМЕ целосно ја закочи европската иднина на државата.

„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Сплотени да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина
Следна Статија Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Од воведувањето на новиот систем на 27.000 лица им бил забранет влезот во ЕУ

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000…

April 10, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Го слушнавме Филипче ја повикува Белата палата, ама не го слушнавме да се огради од своите и криминалите на СДС

Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во…

January 24, 2026
BlogПОЛИТИКА

Талески: Скандал до скандал во МВР а Панче Тошковски останува министер

Реконструкцијата на Владата е признание дека министрите на Христијан Мицкоски не испорачале резултати, но најголемиот доказ за двојните аршини е…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, синоќа гостуваше во емисијата Трилинг на телевизија 24.…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?