Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“

Објавено January 19, 2026 17:49
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој потенцира, спасува животи.

На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на проектот Николоски рече дека „се работи за принципиелно прашање и оти може да одложуваме и месец, три и шест месеци, но на крај на денот прашање е дали сакаме да има ред во државата или не“.

– Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба – изјави Николоски, по учеството на одбележувањето на празник Водици во Охрид.

Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус.

– Ова е проект кој спасува животи и сите треба да учествуваат во него – порача Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО
Следна Статија Никој не знае каде е судијата Ристов, пред еден месец го исклучил мобилниот телефон и зел боледување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер,…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апел за рационална и одговорна употреба на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган: Ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Recep Tayyip Erdoğan, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?