Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) СДСМ: Максим Димитриевски се стекнал со стан од 97 квадрати за само 2.500 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (Видео) СДСМ: Максим Димитриевски се стекнал со стан од 97 квадрати за само 2.500 евра
ПОЛИТИКА

(Видео) СДСМ: Максим Димитриевски се стекнал со стан од 97 квадрати за само 2.500 евра

Објавено May 21, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски, обвини Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово.

По скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови вредни околу 140.000 евра. Одиме по ред. Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра. Односно по едно евро за квадрат. Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема.Во меѓувреме компанијата „Е вгенија план ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием. Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.Еве го купопродажниот договор за двата стана од по 97 квадрати на кумот на Максим од август 2022 година“, рече таа.

Само неколку месеци потоа, додаде Мургашанска, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Масксим Димитриевски со размена на недвижност ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра.

„Како е можно стан во Куманово од 97метри кавдартни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра? Преку размена за една четвртина од ливадата купена во 2010 година, за едно евро по квадрат. Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 кавдарти вреден 70,000 евра за само 2.500 евра“, тврди таа.

Според неа, овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.

Таа прашува дали станува збор за перење пари, дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата и дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит?

„СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби, Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија“, рече Мургашанска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали Филипче и Заев поседувале акции во индиска авиокомпанија и со тие пари градат високатница во Дубаи?
Следна Статија Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања

Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече…

February 14, 2025
ПОЛИТИКА

Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан…

April 4, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е позната како послушничка на Заев

Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,…

November 24, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во емисијата „Click Plus“ на…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?