Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка
ПОЛИТИКА

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка

Објавено June 29, 2026 20:08
Сподели
Сподели

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот.

Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници, и тоа Антонијо Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Со измените, меѓу другото, се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите.

Предлагачот, образложувајќи зошто Изборниот законик треба да се донесе по скратена постапка, посочи дека за него се дискутира четири месеци во рамки на Министерството за правда, каде учествуваа претставници на политичките партии, освен СДСМ, која почна, а потоа се повлече.

-Во рамките на овие дискусии се согласивме околу 28 препораки на ОДИХР, коишто беа консензуално прифатени. Во работната група во Министерството за правда за ниту една тема немаше надгласување и секогаш се одеше со консензус. Ќе имаме можност тие работи да ги дискутираме и за време на собраниската и за време на комисиската седница – изјави Милошоски, образложувајќи го предлогот.

Во однос на изборниот модел, Милошоски, укажа дека најголем број од политичките партии биле за една изборна единица, но две биле за осум и за три, но бидејќи не се постигнал консензус, се остана на сегашното решение со шест изборни единици.

По однос на гласањето од дијаспората, Милошоски појасни, дека е постигнат консензус да биде овозможено согласно праксата во Франција и Естонија и да има електронско, безбедносно и заштитено гласање.

-Морам да напоменам дека учестото на претставници од ДИК, Државниот завод за ревизија, АВМУ и Антикорупциска беше од голема помош, бидејќи овие институции излегоа со свои перпоаки кои во најголем дел беа прифатени како да се направат измени во Изборниот законик кои на овие институции може да им го олеснат спроведувањето на изборите, во смисла да бидат демократски, фер, транспарентни и ефикасни – изјави Милошоски.

Во однос на моделот за користење средства за изборно рекламирање, Милошоски, појасни дека е постигнат едногласен консензус.

-Немаше ниту една партија која надгласала друга или некои преставници на политички партии да занемариле предлог на други колеги од политичките партии и ценам дека овој постигнат консензус од најголем број од политичките партии кои учествуваа во Работната група во Министерството за правда треба да се цени како солидно постигнување и унапредување на нормите на Изборниот законик – порача Милошоски.

Милошоски, исто така, потенцираше дека предлог измените се во согласност со реформската агенда и усвојувањето на Изборниот законик ќе ги направи одржлив и оправдан во следните пет, десет и петнаесет години.

-Согласно тоа сметам дека би било добро во скратена постапка истиот да биде усвоен и поддржан консензуално од сите политичк партии во Собранието – појасни Милошоски.

Потпретседателот на Собранието, информираше дека седницата е свикана согласно Член 74, став два од Деловникот на Собранието за да може Собранието и другите институции непречено да функционираат.

Собранието денешната 110 седница ја започна по еден час пауза на барање од пратеничката група на СДСМ.

Пред гласањето на дневниот ред, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, побара точката да биде симната од дневен ред, посочувајќи дека и пред да побара пауза укажал на тоа дека ова законско решение секогаш досега се носи со консензус.

-Точно е дека СДСМ започна да работи во работната група којашто беше за подготовка на Изборниот законик, но мора да потсетиме дека ја напуштивме во моментот кога одлучивте како парламентарно мнозинство да го измените Законот за влада, кој исто така, е донесен со консензус. На самата работна група на почеток укажавме дека носењето на Изборниот законик треба исклучиво да биде со консензус помеѓу политичките субјкети– појасни Спасовски.

Пратеникот од Левица Сашко Јанчев, исто така, побара симнување на оваа точка од дневен ред, нагаслувајќи дека е евидентно дека нема никаков консензус по прашањето за Изборниот законик.

Пратеничката Моника Зајкова, исто така, побара симнување на оваа точка од дневен ред, укажувајќи дека тоа што се прави е класичен заговор против граѓаните, симулирајќи консензус и буткајќи го законот.

Пратениците, иако гласаа по секој од предлозите, и во трите гласања не беше усвоено да се симне оваа точка од дневен ред на 110 седница.

Собранието со 57 гласа „за“ го усвои предложениот дневен ред на 110 седница, на кој, како прва и единствена точка е Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик, по скратена постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит
Следна Статија Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Гаши: Мнозинството останува стабилно, ќе работиме со полн капацитет

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со…

May 27, 2025
ПОЛИТИКА

Арбен Фетаи: ВЛЕН обезбеди фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на Артан Груби

Коалицијата „Влен“ денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме на Денот на албанското знаме се блиски…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе…

October 26, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години дозволија да краде

Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години му дозволија да краде. И…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?