Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта
ЕКОНОМИЈА

Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта

Објавено June 29, 2026 16:39
Сподели
Сподели

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом.

Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 „против“.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека подесените амандмани за законот биле внимателно разгледани од страна на Министерството за финансии, и уште нагласи што содржи законот.

– Прво, дислокацијата на овие објекти за игри на среќа и забавни игри од основните и од средните училишта. Она што сметаме во моментов дека е применливо и коешто ќе даде резултати за нивна дислокација од училиштата е оддалеченоста од 500 метри, најбезбеден пат на објектот од основното или средното училиште. Понатаму, значително се ограничува рекламирањето. Светлечките реклами нема да ги има. Ќе бидат тргнати и младите нема да бидат изложени на тој, би рекол, агресивен маркетинг којшто постојано сме сведоци сите, ни се случува пред очи – рече заменик министерот за финансии.

Додаде дека единствено ќе биде дозволено во димензии, големина на реклама од 100 сантиметри на 30 сантиметри, којашто ќе биде истакната на самиот објект и каде што ќе биде само истакнат називот на тоа трговско друштво без никаква парола или некое мото коешто ќе предизвика како некој резултат за извесен финансиски успех или некој пат до личен успех доколку се влезе во тој објект.

​- Понатаму, исто се воведува задолжителното GPS поврзување, односно информации коишто ќе ги добива Управата за јавни приходи од самите VLT машини, апарати и така натаму, казината, и ќе има информација за тоа што се случува подетално во оваа индустрија. Исто така ќе се знае многу полесно со дигитализацијата кои се лиценцирани, а кои не се лиценцирани објекти – рече Јанкуловски.

​Се врши усогласување и со Комитетот при Советот на Европа за спречување на тероризам и перење пари Moneyval.

Јанкуловски рече дека доколку во имплементацијата на законот се покажат аномалии, ќе се пристапи кон негови измени.

Амар Мециновиќ од Левица кажа дека тие нема да гласаат за законот бидејќи нивните амандамни не биле прифатени. Тие како што кажа тој, побарале рестрикции за рекламирање на коцкарници вклучувајќи ги и социјалните мрежи, како и ограничување на промовирање на коцкање.

За законот, кој се носеше во редовна постапка, дебатираа и други пратеници кои сметаат дека предложеното законско решение треба да се подобри.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка
Следна Статија Николоски најави нови пруги, локомотиви и патнички возови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 500 милиони евра вкупни приходи наплатила Царината за три месеци

Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони…

October 14, 2024

Биткоин сè уште е премногу висок за околу 69.000 долари

Криптовалутниот слом доаѓа - и приземјувањето нема да биде убаво

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам наскоро да почне изградбата на Соларниот и Ветерниот парк во Штипско

Очекувам кон крајот на јуни да се постави камен темелник за ветерниот парк кој ќе биде во рамките на три…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Сопственикот на британски „Дејли меил“ го купува конкурентот „Телеграф“

Сопственикот на „Дејли меил“, (DMGT), во понеделникот изјави дека се согласил да го купи конкурентот „Телеграф“ за 500 милиони фунти…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?