Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови
ЕКОНОМИЈА

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Објавено August 26, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски.

На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и за можностите за поефикасна размена на информации меѓу двете институции. Како што соопштија од Катастар, целта на средбата е креирање нови мерки за полесен пристап до кредити за купување прв стан.

Директорот Живковски ја изрази подготвеноста на Катастарот за интензивна соработка со Народната банка, нагласувајќи дека податоците за тековните трендови на пазарот на недвижности се клучни за креирање ефективни политики. Тој посочи и дека во тек е работа на повторно активирање на Регистарот на цени и закупнини, кој претходното раководство го имаше целосно прекинато.

Гувернерот Славевски истакна дека се подготвуваат мерки за поттикнување поповолно кредитирање на објекти за живеење, особено за млади граѓани и брачни парови кои првпат купуваат стан.

„Нашата цел е да овозможиме подобри услови и достапност на кредити за становите што се купуваат за живеење. Со тоа ќе им помогнеме на граѓаните што имаат вистинска потреба од сопствен дом, во услови кога цените на недвижностите растат“, рече Славевски.

Агенцијата за катастар и Народната банка договорија потпишување на меморандум за соработка, кој ќе овозможи подобра размена на информации, брза достапност на податоци за недвижности и зајакнување на аналитичките капацитети за следење на пазарните трендови.

Соговорниците се согласија дека разликувањето на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, како и зајакнатата институционална соработка, ќе создадат услови за поефикасна поддршка на граѓаните при решавање на станбеното прашање и индиректно ќе влијаат на стабилизирање на цените на пазарот на недвижности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни
Следна Статија Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 3,5 милиони евра годишно одат неповрат за гас што Македонија не го користи

Од октомври лани секој месец од државниот буџет се трошат по близу 300 илјади евра за закуп на природен гас…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување

Снемува работна сила ама ако не се зголемат платите, уште толку ќе нема – порачаа денеска синдикатите. Работодавачите и Владата…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?