Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит
ПОЛИТИКА

Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит

Објавено June 29, 2026 16:41
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче изјави дека најавената реконструкција на Владата е континуитет на процесот започнат пред две години и дека е неважно замената на луѓе во ресорите зашто тоа, според него, за граѓаните ќе нема бенефит.

– Континуитет на осиромашување на земјата, богатење на поединци, изолација, слепо црево на Балканот и во Европа додека регионот оди напред и напредува. Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто што е небитно. Граѓаните нема да видат апсослутно никаков бенефит од оваа влада којашто ја води Христијан Мицкоски, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Според него, сè ќе биде статус кво, односно, рече, „квалитетот на животот на граѓаните ќе се намалува и во државава ќе биде сè потешко да се живее, посебно од септември кога ќе почнат есенските месеци“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До 3,5 милиони превезени патници до крајот на годинава
Следна Статија Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ сака Албанец за гувернер на Народна банка

ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Чонески: Крушево добива нова спортска сала, велосипедски патеки и комплетно решение за дивата депонија

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Крушево, Нико Чонески, на вчерашниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник

Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се…

June 4, 2025

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?