Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 3,5 милиони превезени патници до крајот на годинава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > До 3,5 милиони превезени патници до крајот на годинава
ЕКОНОМИЈА

До 3,5 милиони превезени патници до крајот на годинава

Објавено June 29, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Владата продолжува со политиката на субвенционирање и отворање нови авиолинии, со цел подобра поврзаност на земјава со европските и светските дестинации. Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека во изминатите две години се отворени неколку десетици нови авиолинии, а ефектите од овие политики веќе се гледаат преку значителниот пораст на бројот на патници.

Според неговите очекувања, до крајот на годинава, бројот на превезени патници на македонските аеродроми ќе достигне 3,5 милиони. Мицкоски посочи дека аеродромите веќе бележат двоцифрен раст на патничкиот сообраќај, при што Меѓународниот аеродром Скопје во одредени периоди има и до 30 проценти повеќе патници во споредба со истиот период лани. Според него, ваквите резултати се потврда дека инвестициите во нови воздушни линии ја зголемуваат поврзаноста на државата, но и придонесуваат за развојот на туризмот и економијата.

Премиерот потсети и на периодот на светската енергетска криза, кога, како што рече, Македонија успеала да обезбеди снабдување со керозин не само за домашните потреби, туку и за неколку регионални аеродроми, со што се одржала стабилноста во авиосообраќајот.

Во меѓувреме, надлежните најавуваат дека интересот на авиокомпаниите за македонскиот пазар расте, а дел од новите линии веќе се воспоставуваат и без потреба од државни субвенции, што според институциите е показател дека Македонија станува сè поатрактивна дестинација за авиопревозниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет лица загинаа во вооружен инцидент во Германија
Следна Статија Филипче за реконструкцијата на Владата: Сè ќе биде статус кво, за граѓаните ќе нема бенефит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Доделени наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба по повод Светскиот ден на штедењето

Во Народната банка се одржа традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите од Конкурсот за ликовна и литературна творба за…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Ќе направиме сè што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево –…

July 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕУ ја одобри втората транша средства за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Македонија во рамките…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Анализа на цената на Bitcoin: BTC се соочува со нов отпор близу 71.000 долари

Податоците за тргување покажуваат широко намалување на ризикот, соspot зафатнините на главните берзи паднати за околу 30% од крајот на…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?