Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Голем полски трговски ланец потврди дека отвора маркети во Македонија

Објавено March 21, 2026 19:33
Сподели
Сподели

Полскиот ланец на дисконтни малопродажни продавници „Пепко“ потврди дека влегува на македонскиот пазар во јуни годинава. Првите продавници компанијата ќе ги отвори во Скопје, најави таа во објава на официјалниот профил на социјалната мрежа „Линкдин“.

„Пепко“ ова го гледа како уште една важна пресвртница во амбициозната стратегија за раст на Групацијата, насочена кон насочено проширување во регионот на Централна и Источна Европа, како и селективен влез на нови пазари, се вели во објавата.

„Пепко“ веќе работи во Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска, Словенија и во Србија, каде има повеќе од 120 отворени маркети. Во изминатите години, многу луѓе од Македонија, најчесто во викендите, одеа да пазаруваат во продавницата на „Пепко“ во Врање.

„ Македонија е на нашата мапа на проширување веќе некое време. Влегувањето на овој пазар е природен следен чекор во развојот на „Пепко“, градејќи го нашето силно присуство низ Централна и Источна Европа и во соседните земји како што се Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина“, изјави за „Сее њуз“ Марчин Станко, директор за операции за регионот на Централна и Источна Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Захарова: Германија го води народот до раб на бездната, нивните компании банкротираат на секои 20 минути
Следна Статија Полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Небезбедна храна на секој чекор- лани биле уништени 355.377 килограми

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на…

January 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски на терен: Придобивките од експресниот пат Градско -Дреново- Фариш се огромни за бизнисот и туризмот

Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку видеопорака ја истакнува важноста и значењето од изградба на експресниот пат Градско -Дреново -Фариш.…

July 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели…

November 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

Костал Македонија влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус вредна помеѓу 45 и 50 милиони евра, со што се отвора…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?