Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
БАЛКАН

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Објавено February 12, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата.

Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина.

„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа регистриравме три до четири послаби земјотреси, со магнитуди меѓу 1,7 и 2,9 степени“, изјави за ХРТ, сеизмологот Крешимир Кук.

Жителите од различни делови на округот Задар на социјалните мрежи опишаа како чувствувале силни потреси.

„Кафулето беше преполно и наеднаш имаше благ потрес, проследен со силен удар, како да експлодирала мина. Сите истрчавме надвор“, опиша еден жител.

„Се се тресеше. Најпрво се чувствуваше како минува нешто низ земјата, а потоа земјотресот траеше околу пет-шест секунди. Сите излегоа на улица. Ниту една тула не се сруши, па немаше поголема штета, но стравот беше голем“, додал друг жител.

ХРТ објави нова снимка од земјотресот снимена од надзорните камери во Стариград Пакленица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Вучиќ во „Тик ток“ предизвик: Решија од мене да направат мечка на панаѓур, ми ставија четири газирани пијалаци, а јас треба да погодувам
Следна Статија Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Не знам зошто престанав да пукам, имав уште куршуми“: Коста продолжува со шокантни изјави

Во зградата на Специјалниот суд во Србија продолжи судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ,…

October 27, 2024
БАЛКАН

Детали за смртта на директорот на болницата во Загреб, паднал од скалите, колегите не можеле да го спасат

Директорот на КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ, починал вчера откако паднал по скалите во болницата. Како што објави „24сата.хр“, неговите колеги…

October 22, 2024
БАЛКАН

Археолози од Швајцарија тврдат дека на албанската страна од Охридското Езеро пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро

Група научници од Швајцарија и Албанија поминуваат три часа под вода секој ден, макотрпно отстранувајќи дрвени столбови на кои биле…

July 17, 2025
БАЛКАН

Апелациониот суд во Ниш го укина решението со кое се потврдува обвинението за смртта на Данка Илиќ

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера донесе решение со кое ја укинува одлуката на Вишиот суд во Зајечар со…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?