Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“
БАЛКАН

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Објавено February 12, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата.

Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна Босна и Херцеговина.

„Регистриравме силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Во следните неколку часа регистриравме три до четири послаби земјотреси, со магнитуди меѓу 1,7 и 2,9 степени“, изјави за ХРТ, сеизмологот Крешимир Кук.

Жителите од различни делови на округот Задар на социјалните мрежи опишаа како чувствувале силни потреси.

„Кафулето беше преполно и наеднаш имаше благ потрес, проследен со силен удар, како да експлодирала мина. Сите истрчавме надвор“, опиша еден жител.

„Се се тресеше. Најпрво се чувствуваше како минува нешто низ земјата, а потоа земјотресот траеше околу пет-шест секунди. Сите излегоа на улица. Ниту една тула не се сруши, па немаше поголема штета, но стравот беше голем“, додал друг жител.

ХРТ објави нова снимка од земјотресот снимена од надзорните камери во Стариград Пакленица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Вучиќ во „Тик ток“ предизвик: Решија од мене да направат мечка на панаѓур, ми ставија четири газирани пијалаци, а јас треба да погодувам
Следна Статија Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе…

October 8, 2024
БАЛКАН

Европол: Во Белград е уапсен платен убиец (ВИДЕО)

Европол и полицијата на Србија уапсиле вчера во Белград платен убиец, кого криминална организација го ангажирала во јануари 2021 година…

October 17, 2024
БАЛКАН

Американски војник загина на планинарење во БиХ

Американски војник загина во Босна и Херцеговина, каде што престојувал на одмор, објавија во неделата локалните медиуми по завршувањето на…

April 20, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Инцидент пред Собранието во Белград: Опозицијата се судри со полицијата

Откако полицијата повторно ги блокираше пратениците од опозицијата кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, пред…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?