Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево
БАЛКАН

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Објавено April 23, 2025 21:57
Сподели
Сподели

Припадници на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина денеска се обиделе да го приведат претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, но биле спречени од Министерството за внатрешни работи на српскиот ентитет кој е дел од БиХ, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тимовите на СИПА, како што се наведува, се обиделе да влезат во зградата на Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, каде што во тек е средба на Додик со претставници на Градот Источно Сараево, но биле запрени од припадници на Министерството за внатрешни работи на ентитетот.

Како што дознава Klix.ba, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик, но припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска се спротивставиле на таа акција.

Како што беше видливо на лице место, припадниците на МУП на РС излегоа со долги пушки и на тој начин ги запреа. Ова кривично дело извршено од припадници на МУП на РС треба да се оквалификува како вооружен бунт, пишуваат босанските медиуми.

Ситуацијата за РСЕ ја потврдиле од СИПА, од каде соопштиле дека членовите на државната Агенција сакале да постапат по наредба на судот на Босна и Херцеговина.

За време на настанот не била употребена сила, рекле од СИПА.

За Милорад Додик, како и за претседателот на парламентот на Република Српска, Ненад Стевандиќ и премиерот на РС, Радован Вишковиќ од средината на март е распишана централна потерница, откако не се јавија на повикот за распит во Обвинителството на БиХ.

Тие се осомничени за напад на уставниот поредок на земјата.

Претходно, судот на Босна и Херцеговина побара од Интерпол да ја ревидира одлуката за одбивање на барањето за издавање црвена потерница за претставниците на раководството на Република Српска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Македонското прашање сè уште не е затворено“, порача Мицкоски во „Беломорски клуб читална“
Следна Статија Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Објавена е фотографија од убиецот: На албанскиот судија му пукал во срце

Судија во Апелацискиот суд во Тирана вчера беше ладнокрвно убиен во судница со неколку истрели од огнено оружје. Убиството се…

October 7, 2025
БАЛКАН

Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси

Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини…

February 17, 2025
БАЛКАН

Словенците на нозе: Протести во Ново Место; „Шутаров закон“ пред парламентот

По вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, словенечката влада презентираше голем број мерки за борба против криминалот и…

October 29, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Некои земји во Европа силно лобираат против Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека постојат земји во Европа кои силно лобираат против интересите на Србија.…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?