Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл
СПОРТ

(Видео) Сити лесно се справи со Наполи, Рашфорд го реши Њукасл

Објавено September 19, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Големото дерби од првото коло од Лигата на шампионите на „Етихад“ заслужено им припадна на „Граѓаните“: Манчестер Сити го победи Наполи со 2:0.

Во центарот на вниманието беше довчерашниот капитен на „Граѓаните“, Кевин Де Брујне, со кого си поигра судбината. Тој го имаше своето деби за Наполи во Лигата на шампионите против „својот“ Сити, но беше заменет во 25-та минута.

Едноставно, Антонио Конте мораше да жртвува некого кога Ди Лоренцо доби директен црвен картон и реши да го направи тоа поранешниот капитен на Сити.

Од тој момент Сити нападна со сите оружја, но Вања Милинковиќ Савиќ беше одличен на голот на гостите. Тој го чуваше својот гол брилијантно, имаше шест одбрани во првото полувреме.

Сепак, во продолжението од натпреварот, тој и Наполи не издржаа со еден играч помалку.

Прво, Ерлинг Холанд ја потврди својата одлична форма и го доведе Сити во водство, а конечниот резултат го постави Дока со првиот гол во сезоната.

 

На другиот крај од Англија, во Њукасл, домаќинот и Барселона одиграа просечен натпревар. Славеа Каталонците со головите на поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.

Првото полувреме донесе само една шанса, пред голот на Барселона, но Барнс не успеа да го совлада Гарсија.

Во вториот дел Рашфорд во 56-та минута со глава го постигна првиот гол, а девет минути подоцна ја скина мрежата на Пуоп. До крајот во 90-та минута Гордон успеа само да го намали резултатот.

 

Ајнтрахт во Франкфурт го декласира Галатасарај. Турскиот шампион кој вложи многу во тимот оваа сезона загуби со 5:1. Акгун му донесе предност на Галатасарај по само осум минути игра и тој резултат на семафорот стоеше до 37.минута, кога изедначи Доан. До крајот на првиот дел играчите на Ајтрахт во втората и четвртата минута од судиското надополнување на времето, постигнаа два гола, преку Узун и Буркарт. Овој вториот со уште еден гол ја зголеми предноста во 66-та, а Кнауф во 75-та минута стави точка на натпреварот.

Убедливи на домашен терен беа и играчите на Спортинг против дебитантот Каират (4:1).

Лошо започна мечот за Спортиг, Хјумланд не реализираше пенал. Тринкао погоди за 1:0 во претпоследната минута од првиот дел. Второто полувреме започна со две големи шанси за Каират. Гостите не реализираа, по што следуваше сурова казна, три гола за три минути. Тринкао постигна гол во 65-та, Алисон две минути подоцна, а во 68-та минута стрелец беше и Кенда. Првиот гол во историјата на Каират во Лигата на шампионите го постигна Едмилсон во 86-та минута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција
Следна Статија Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

На скопскиот маратон трчаа 13.400 натпреварувачи од 55 земји

На годинешниот јубилеен „ВизЕр Скопски маратон“ настапија рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји. СВР Скопје во целост успешно го обезбеди…

October 6, 2024
СПОРТ

Кирк Кузинс можеби токму си обезбеди повеќе опции во 2026 година

Среде тежок период во Атланта, 37-годишниот квотербек повторно го оживеа пазарот на слободни агенти со спектакуларен настап против Бакенерите.

December 13, 2025
СПОРТ

Македонија подготвена за победа: Фудбалерите го пречекуваат Казахстан

На Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Казахстан. Овој натпревар…

October 13, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон. На грен слем турнирот во Англија ќе настапи и најдобриот тенисер на…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?