Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника
СВЕТ

(Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника

Објавено April 23, 2025 14:45
Сподели
Сподели

Моментот на земјотресот во Истанбул со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше снимен во емисија во живо. На видеото се гледа како новинарката ја фаќа паника и го прекинува разговорот со гостите, кои се приклучени преку видеоврска.

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција АФАД.

Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12.49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област што се наоѓа на 80-ина километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 километри, соопшти АФАД.

Турската телевизија ТГРТ јавува дека едно лице е повредено кога скокнало од балкон за време на земјотресот.

АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.

По првиот земјотрес, Турција беше погодена од серија помали, но сепак силни земјотреси со јачина од 5,0, 2,6, 4,3, 4,5 и 5,0 степени.

Засега нема извештаи за уривање згради.

CNN Turk's broadcast during the 6.2 earthquake in Istanbul, Türkiye. pic.twitter.com/sm0l7TB1zz

— Clash Report (@clashreport) April 23, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината
Следна Статија Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: „Бев малку саркастичен“ за запирање на војната во Украина за 24 часа

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека бил „малку саркастичен“ кога тврдел дека ќе стави крај на војната во Украина…

March 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија…

October 22, 2024
СВЕТ

Иранците ги „цензурираа“ голите колена на финската министерка (ВИДЕО)

Иранската државна телевизија ги цензурираше голите колена на финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен и шведската министерка за надворешни…

September 30, 2025
СВЕТ

Телото на папата Франциско изложено во капелата во Ватикан: Едноставен дрвен ковчег и бројаница околу раката, објавено е кога ќе биде погребан

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?