Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија

Објавено April 23, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски во рамки на дводневната посета на високо ниво на Обединетото Кралство денеска оствари работна средба со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство.

По средбата, вицепремиерот Николоски истакна:

-Во рамки на посетата на високо ниво на Велика Британија, денеска остварив средба со министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас. Со него разговаравме за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави, имајќи предвид дека Велика Британија е втор трговски партнер на Македонија.

Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија и имаме јасна цел тој извоз да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од 3 милијарди евра извоз, што сериозно ја помага македонската економија, значи добро платени работни места и секако ќе значи нови работни места.

Со министерот за извоз и економија на Велика Британија зборувавме за инфраструктурни проекти што ги раководам како министер за транспорт и потпретседател на македонската влада, разговаравме за развојот на железницата, за развојот на автопатите и авиосообраќајот и можностите што Велика Британија ги има за да и помогне на Македонија. Разговаравме и за финансиските можности што ги има Велика Британија, секако и околу знаењата. За таа цел остваривме и средба со компанијата “Crossrail” компанија која е на британската влада и која ја изведе првата целосно дигитализирана метро линија во Велика Британија, тоа е линијата наречена по кралицата “Елизабета”.

Во текот на денот ќе имаме средби и со претставници на финансиски институции тука во Лондон, ќе имаме средби и со други институции кои што можат да и помогнат на Република Македонија. Ќе имаме многу значајна средба со извозната агенција на Велика Британија, а во текот на утрешниот ден продолжувме со средби со министерот за Европа, специјалниот пратеник за Западен Балкан, како и Министерството за надворешни работи.

Сметам дека оваа посета на Лондон, е нов чекор во соработката меѓу Македонија и Велика Британија и со тоа ја позиционира Македонија како стартешки партнер во Југоисточна Европа на Велика Британија, нешто што е чекор напред за сите македонски граѓани и долгорочно партнерство со држава која има огромна традиција, силна економија и како што велат е последната империја во светот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника
Следна Статија Скопјанец ја следел неговата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

Американското Министерство за трговија објави дека ја проширува листата на царини на производи од челик и алуминиум, со што се…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кинескиот пазар на недвижнини бара нови решенија

Властите ветуваат стабилизирање на пазарот на домови во услови на континуирана криза

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?