Со поглед во плафон, почна судењето на осомничениот сериски убиец на 4 жени во кумановско, Трајко Бојковски.
Според известувачот на Радио Бум, Бојковски не сака да комуницира со судот, се држи за глава и испушта чудни звуци. Од вештак е побарано да утврди дали Бојковски е способен да му се суди и расправата да продолжи. Осомничениот слуша кога ќе му кажат да стане и да седне и побара вода.
