Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги и граѓани по синоќешните судири со полицијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги и граѓани по синоќешните судири со полицијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад
БАЛКАН

(Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги и граѓани по синоќешните судири со полицијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад

Објавено August 28, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Студентите во блокадата на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад објавија на социјалните мрежи застрашувачки фотографии од нивните колеги и граѓани кои беа повредени синоќа од припадници на полицијата и жандармеријата во судирите пред Филозофскиот факултет, пренесува Нова.рс

Граѓани, студенти и полиција во полна опрема за разбивање на демонстрациите се судрија синоќа пред Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Платото пред факултетот беше целосно окупирано од полицијата. Се пукаше со пиротехнички средства, се прскаше со бибер спреј и се туркаше влезот на универзитетот.

Полицијата, како што наведува Нова.рс демонстрирала бруталност врз академиците кои се собраа пред факултетот за да му кажат на деканот Миливој Алановиќ, кој е веќе трет ден во зградата, дека блокадата сè уште трае, и дека бараат тој да им дозволи да влезат во зградата, што тој го одбил.

Потоа полицијата почна да ја потиснува толпата, а беше употребен и бибер спреј. Во таа прилика беа повредени неколку студенти, професори и граѓани, а едно лице беше погодено во главата со пиротехнички средства, поради што го изгуби слухот, наведува Нова.рс.

Студентите во блокадата на Филозофскиот факултет во Нови Сад го обвинија деканот на тој факултет, Миливоје Алановиќ, дека е директно одговорен за конфликтот меѓу полицијата и студентите и граѓаните.

Деканот Алановиќ, кој не сакаше да ја повлече полицијата и да им дозволи на студентите да влезат во универзитетот, е директно одговорен за конфликтот меѓу студентите и граѓаните со полицијата, наведоа студентите во соопштение на социјалните мрежи.

„Звучни топови и солзавец кон студентите и колегите. Миливоје Алановиќ, дали е ова твојот дијалог? Имаш ли достоинство“, напишаа студентите, пренесува Нова.рс.

Evo kako Milivoj Alanović “brani svoju bezbednost”… pic.twitter.com/khIwoHgvrg

— Blokada FFUNS (@BlokadaFFUNS) August 27, 2025

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат
Следна Статија Мицкоски: Пазарниот инспекторат е на терен, нема нарушувања за договореното за „училишната кошничка“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Три лица загинаа откако се урна авион во Словенија

Најмалку три лица загинаа при уривање на мал авион во словенската општина Белтинци во североисточниот регион Прекмурје на 17 ноември,…

November 18, 2024
БАЛКАН

Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ

Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.  Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција…

October 15, 2024
БАЛКАН

Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата,…

August 12, 2025
БАЛКАН

(Видео) Еколошка катастрофа: Се излеале 17 тони нафта во морето кај хрватскиот остров Хвар

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?