Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море
СВЕТ

(ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море

Објавено March 10, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Танкер со нафта и товарен брод се судрија утринава во Северното Море, а британската крајбрежна стража ја координира итна спасувачка операција, соопшти британската агенција за поморска и крајбрежна стража.

https://www.youtube.com/watch?v=gEqxbStRTro

Според достапните информации, судирот се случил во близина на источниот брег на Јоркшир, а алармот бил вклучен во 9.48 часот.

„Крајбрежната стража моментално координира итен одговор на извештаите за судир меѓу танкер и товарен брод“, се вели во официјалното соопштение.

Спасувачката операција вклучуваше спасувачки хеликоптер од Хамберсајд, чамци за спасување од Скегнес, Бридлингтон, Мејплторп и Клиторпс, авион на британската крајбрежна стража, како и блиски бродови со капацитет за гасење пожар.

Според Би-Би-Си, танкерот со нафта се запалил по судирот, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.

Како што објави британскиот јавен сервис, во инцидентот учествувале танкер Stena Immaculate кој претходно пловел од грчкото пристаниште Агиои Теодорои и бил закотвен во близина на Хал и Солонг, португалски контејнерски брод кој пловел од шкотското пристаниште Гранџмаут до Ротердам во Холандија.

Снимката од платформата за следење на Marine Traffic покажува дека Stena Immaculate била закотвена кога, според достапните податоци, Solong удрил во танкерот.

Обединетите нации преку својата поморска агенција, Меѓународната поморска организација (ИМО) се запознаени со ситуацијата и проверуваат за дополнителни информации.

На местото на инцидентот има голем број пловни објекти, вклучувајќи контејнерски бродови и танкери со нафта, а операцијата за спасување се уште е во тек, пренесува Гардијан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
Следна Статија Светот доби уште еден Белингем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шамар за лидерот на турската опозиција (ВИДЕО)

Лидерот на главната опозициска партија во Турција Озгур Озел беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Инцидентот се…

May 5, 2025
СВЕТ

Три пожари се делумно изгаснати, уште три неконтролирано беснеат во Лос Анџелес

Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе…

January 11, 2025
СВЕТ

ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд…

January 18, 2025
СВЕТ

Американската влада почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции

Американската влада синоќа почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции додека претседателот Доналд Трамп и Илон Маск ја…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?