Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
ПОЛИТИКА

СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка

Објавено March 10, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Сопругот на државната секретарка во Министерството за дигитална трансформација, Гордана Клинчарова, добил два тендери во истото министерство во вредност од околу 50.000 евра, што според опозициската СДСМ отвора сериозни прашања за можен конфликт на интереси.

Фирмата што ги добила договорите претходно била дел и од проектот „Скопје 2014“ и, во исто време, финансиски ја поддржувала општина Аеродром токму во периодот кога Клинчарова била раководител за финансии. Опозициската СДСМ го нарече случајот класичен пример на непотизам и побара ДКСК итно да отвори истрага за, како што велат,спорните тендери.

Министерот за дигитална трансформација ги отфрла обвинувањата – на тендерот учествувала само една фирма, токму онаа на сопругот на Клинчарова, но ги исполнила сите законски услови, а министерството заштедило од 10 до 45% по производ.

СДСМ манипулира со бројките, државниот секретар нема никаков допир со јавните набавки, а Андоновски додава – ниту тој бил вклучен во изборот на компанијата, ниту постои законска основа за проверка на контактите на 150 вработени со приватни фирми.

Андоновски ги повика и ДКСК и Обвинителството доколку сметаат дека наводите за тендерите се спорни да ги истражат, а тие како министерство ќе ги достават сите документи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога
Следна Статија (ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција…

April 7, 2025
ПОЛИТИКА

„Нема правда“ – СДСМ за слободата на Груевски и одмрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ остро реагираше по пресудите во предметот „Талир 2“, со кои поранешниот премиер Никола Груевски беше ослободен од обвинението, а…

July 14, 2026
ПОЛИТИКА

ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и…

May 1, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вели дека СДСМ веќе се кренал на нозе

Претседателот на СДСМ е задоволен од развојот во партијата и вели дека таа по изборниот пораз веќе се кренала на…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?