Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога
ХРОНИКА

Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога

Објавено March 10, 2025 17:54
Сподели
Сподели

Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на 59 годишниот златар Васил Ефтимов, кое се случи во август минатата година среде бел ден кај фрекфентниот трговски центар Мавровка.

  • Воопшто не се чувствувам добро емотивно, но и психички. Многу се каам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам. – Елвин Куртовиќ обвинет за убиство на Васил Ефтимов.

Поради веќе постоечкото криминално досие, Куртовиќ се соочува со минимална казна затвор од 10 години и максимална доживотен затвор. Неговата адвокатка побара најблага санкција, бидејќи тој не можел правилно да расудува наоѓајќи се под дејство на дрога, но и поради државата која не успеала да го ресоцијализира во затворот.

  • Ја поделувам вината за стореното кривично дело на обвинетиот со државата. Точно тој убил човек. Но, барам еднаш да бидеме одговорни и да им погледнеме на фактите во очи, а тоа е дека во нашата држава многу кривични дела се случуваат затоа што наделжни институции не си ја завршуваат соодветно својата работа. – Софија Лаличиќ адвокатка на обвинетиот.

За убиството на еснафот Васил Ефтимов, кое според Обвинителството се случило од користољубие, се осомничени двајца. Во потрагата беа вклучени специјалните полициски сили, хеликоптер и дронови. Куртовиќ во време на убиството бил затвореник во Идризово пуштен на викенд, кој не се вратил во дадениот рок, што ја вознемири јавноста и покрена дебата дали затворите се „хотел Промаја“ и колку ни се безбедни градовите доколку нема контрола во затворските установи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се имињата на 49-те нови судии
Следна Статија СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицијата влезе во Голема Речица – ФБИ вклучени во случајот

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага…

April 28, 2026
ХРОНИКА

Две жени се степале на гробиштата во Ѓорче Петров

Вчера во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија,…

May 9, 2026
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во стан во Охрид

На 01.05.2026 во 17:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид, починат бил П.С.(76) од Ресен.…

May 2, 2026
ХРОНИКА

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?