Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Украински дронови го погодија најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Украински дронови го погодија најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург
СВЕТ

(ВИДЕО) Украински дронови го погодија најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург

Објавено June 3, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Украински дронови денеска го нападнаа најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург по што следеа пожар и силни експлозии, објави „Киев Индепендент“.

Жителите на градот објавија фотографии и видеоснимки на кои се гледаат оган и чад откако градот бил погоден од украински беспилотни летала во раните утрински часови.

Терминалот, кој се наоѓа на Финскиот Залив во Големото пристаниште на Санкт Петербург, е еден од најголемите руски капацитети за складирање и за извоз на гориво.

 

Ukraine’s UAVs engage in strategic attacks inside russia…

Ukrainian UAVs have paid a visit to the russian company JSC ‘Progress’.

⚔️ The company is known for the production of high-tech equipment for aviation and missile control systems.

⚔️ Targets in Moscow and St.… pic.twitter.com/Ko6yEyLgoD

— Aleksandr X (@AleksandrX13) June 3, 2026

Преку него се примаат и се испорачуваат нафтени деривати по речен, железнички и патен транспорт, а неговиот годишен капацитет изнесува околу 12,5 милиони тони.

Гувернерот на Ленинградската Област, Александар Дрозденко, утрово соопшти дека биле соборени 50 дронови над регионот, но не ги коментираше пожарите во пристаништето.

Целосниот обем на предизвиканата штета сѐ уште не е познат.

Поради нападот бил нарушен и авиосообраќајот на аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Според руската државна агенција ТАСС, речиси 30 летови доцнеле повеќе од два часа, а уште девет биле пренасочени кон други аеродроми.

Дронскиот напад се случува истиот ден кога Путин требаше да го отвори својот петти воен Меѓународен економски форум во Санкт Петербург – таканаречениот „руски Давос“, на кој претставници од повеќе од 130 земји и територии учествуваат на тридневен глобален бизнис-настан.

Нападнатиот терминал се наоѓа на околу 17 километри од конгресниот центар „Експофорум“, каде што се одржува конференцијата.

На форумот се очекува да присуствува и претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, што би било прво познато учество на американски официјален претставник на овој настан по неколку години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“
Следна Статија Брнабиќ: Вучиќ има поголемо влијание во светот отколку што имаше Тито

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Со фотографија направена со „Гугл мапс“ решено убиство во Шпанија

Шпанската провинција Сорија, во регионот Кастиља и Леон, е потресена од откривањето на распарченото тело на Кубанец кој исчезна пред…

December 18, 2024
СВЕТ

Си и Путин на самитот во Кина: „Партнерство без граници“ против американската доминација

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за најновите руско-американски контакти, соопшти денеска помошникот на рускиот претседател,…

August 31, 2025
СВЕТ

Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела на податоци

Глобалните акции и обврзници започнаа декември под притисок, при обновен пад на криптовалутите и остри коментари од Банката на Јапонија

December 2, 2025
СВЕТ

Голема корупциска афера ја тресе Украина – суспендиран министерот за правда

Украинската влада го суспендираше министерот за правда Герман Галушченко, објави украинската влада во среда. Галушченко е под истрага за корупција…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?