Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проевропската претседателка на Молдавија победи во првиот круг, на референдумот за ЕУ ​​мнозинството е „против“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Проевропската претседателка на Молдавија победи во првиот круг, на референдумот за ЕУ ​​мнозинството е „против“
СВЕТ

Проевропската претседателка на Молдавија победи во првиот круг, на референдумот за ЕУ ​​мнозинството е „против“

Објавено October 21, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Според прелиминарните резултати, мнозинството од гласачите во Молдавија гласале „против“ на референдумот за потенцијално членство во Европската унија, што изгледа како отфрлање на проевропската политика на претседателката Маја Санду.

Санду во изјава рече дека гласањето било нападнато од „криминални групи“ кои се обиделе да купат стотици илјади гласови во обид да го „поткопаат демократскиот процес“, објави молдавскиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Криминални групи, кои дејствуваат заедно со странски сили, непријателски настроени кон нашите национални интереси, ја нападнаа нашата земја со десетици милиони евра, лаги и пропаганда со цел да ја заробат во неизвесност и нестабилност“,рече Санду во Кишињев.

На референдумот граѓаните беа прашани дали „ја поддржуваат измена на уставот со цел пристапување на Република Молдавија во Европската унија“.

Во моментов 49,9 отсто од гласовите се „за“, а 50,1 отсто од гласовите се „против“, со преброени околу 97 отсто од гласовите. 

Во соопштението од Санду се вели дека ги чекаат конечните резултати и ќе одговорат со цврсти одлуки.

Санду, како што пренесува Би-би-си, рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300 000 гласови, што таа го нарече „измама од невидени размери“.

Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за да стане членка. Овие пристапни преговори ќе продолжат и покрај неделниот исход, бидејќи референдумот не беше правно обврзувачки.

Покрај на референдумот, Молдавците вчера гласаа и на претседателските избори во земјата.

На претседателските избори, Санду освои најмногу гласови меѓу 11 кандидати. Таа доби 37 отсто од гласовите од пребројани 90 отсто гласови, додека противкандидатот Александар Стојаногло 28 отсто, што е многу повеќе отколку што имаше во анкетите пред гласањето. Ренато Усати, поранешен популистички градоначалник на вториот по големина град во Молдавија, Балти, е на трето место со околу 14 отсто, објави Централната изборна комисија.

Бидејќи ниту еден кандидат не добил повеќе од 50 отсто од гласовите, Санду и Стојаногло ќе се соочат во вториот круг на 3 ноември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството
Следна Статија Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболени птици од птичји грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел

Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда (IRGC) денеска покажаа, како што државната телевизија го нарече подземен ракетен град. Ракетната база…

January 11, 2025
СВЕТ

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи…

March 12, 2025
СВЕТ

Шверцери пренесувале седум тони кокаин во нарко подморница што сами ја направиле (ВИДЕО)

Португалската полиција спровела голема операција во која пресретнала подморница среде Антарктикот со речиси седум тони кокаин. Подморницата со дрога била…

March 28, 2025
СВЕТ

Маск: Америка треба да се повлече од НАТО и ОН

Милионерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?