Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството
СПОРТ

Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството

Објавено October 21, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на САД што се возеше во Остин, откако по моќниот старт брзо од четврто дојде до прво место, кое го задржа до самиот крај, без никаква закана да остане без него.

Италијанците имаат перфектна трка, со оглед што дојдоа и до второто место преку Карлос Саинц, кој ја потврди доминацијата на тимот од Маранело.

Крајот на трката донесе фантастична битка помеѓу најголемите конкуренти за шампионската титула, Ландо Норис и Макс Ферстапен, која на крајот беше решена со казна од стјуардите.

Возачот на Мекларен пред крајот успеа да го помине актуелниот првак, но тоа го направи со излегување од патеката, поради што доби казна од пет секунди.

Тоа значеше дека Норис иако целта ја мина како трет, на крајот ќе мора да се задоволи со четвртата позиција, додека возачот на Ред Бул дојде до последното место на пиедесталот.

Ферстапен сега има 354 бодови, 57 повеќе од Норис додека Леклер дојде до бројката од 275 бодови, со што се доведе во позиција да чека од „заседа“ кикс на двајцата најсериозни конкуренти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување
Следна Статија Проевропската претседателка на Молдавија победи во првиот круг, на референдумот за ЕУ ​​мнозинството е „против“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ништо од Светско првенство, Македонија уште еднаш загуби од Полска

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во…

April 13, 2025
СПОРТ

(Видео) Навивачи на Црвена звезда и ПСВ тепаа во центарот на Белград

Околу полноќ, според очевидци, во центарот на Белград дошло до големи судири меѓу навивачите на Црвена звезда и ПСВ во…

January 21, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ пред полуфиналето со Синер: Фокусиран сум само на сопствената игра

Новак Ѓоковиќ е фокусиран на сопствената игра и не размислува за тоа каква тактика ќе користи светскиот рекет број 1,…

June 5, 2025
СПОРТ

(Видео) Ураганот Милтон го уништи покривот на стадион во Тампа

Стадионот Тропикана Филд, домот на Тампа Беј Рејс, беше тешко оштетен од ураганот Милтон, пренесува Скај Њуз. Снимката прикажана на…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?