Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите за Преспанскиот договор

Објавено May 14, 2026 14:33
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати јавно барање за извинување од страна на премиерот Христијан Мицкоски и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според него, актуелната власт ги добила изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз е предавник на македонскиот идентитет.

Филипче посочи дека иако претходно ветувале поништување на Преспанскиот договор, сега функционерите на ВМРО-ДПМНЕ јавно го прифаќаат како чин кој го зачувува идентитетот.

„Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да им се извини на сите граѓани на Македонија. Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние што го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, изјави Филипче.

Лидерот на опозицијата нагласи дека Преспанскиот договор го гарантира македонскиот јазик и национален идентитет во целиот свет. Тој додаде дека сегашните министри и претседателката го користат уставното име на официјални средби, иако во кампањата тврделе дека никогаш нема да го изговорат.

Во однос на европскиот пат, Филипче истакна дека уставните измени не се ризик за идентитетот, туку прават јасна дистинкција меѓу македонскиот народ и бугарското малцинство. Тој заклучи дека СДСМ преговара со Европската Унија, а не со Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти
Следна Статија (ФОТО) Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди стана една партија

Движењето Вреди (Влен), кое се состоеше од пет политички субјекти, се обедини во една партија, „затоа што само организирана, дисциплинирана…

April 30, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

Демократска партија на Турците го напушти Европскиот фронт на ДУИ и на локалните избори ќе настапи самостојно

Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина!, порача Мицкоски од Чаир

Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство,…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?