Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Фрчкоски: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Фрчкоски: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски!
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Ацо Ристов во РКЕ e нова алка во бизнис мрежата на Христијан Мицкоски!

Објавено March 18, 2026 14:54
Сподели
Сподели

„Во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка, уште една институција, Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски го избира Ацо Ристов на чело на Регулаторната комисија за енергетика. Тело кое ги носи сите одлуките за цените на струјата, на горивата, на енергенсите. Кој е Ацо Ристов? Поранешен градоначалник на ВМРО во Радовиш. Сопруг на судијката Данка Ристова која претходно беше избрана за членка на Судскиот совет. И најважното, бизнисмен во енергетиката, со хидроцентрали, исто како Мицкоски“ рече денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

Фрчкоски вели „како сопственик на бизнис кој произведува струја и добива тарифи од државата, Ристов сега треба да носи одлуки во РКЕ кои ги диктираат токму тие цени и правила на пазарот. Не е ова само конфликт на интереси, ова е бизнис операција која однапред била осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски. Ристов во изминатиот период се „ослободува“ од сопственоста во компаниите поврзани со изградба на мали хидроцентрали. Компанијата што носи стотици илјади евра годишна добивка, одеднаш менува сопственик. И ја презема сметководителка од Радовиш, тотално непозната за секторот“.

„Дали е ова случајно? Или е класичен пример на „чистење“ пред преземање на функцијата во РКЕ? Ништо не е случајно, ова е внимателно плетена бизнис мрежа. Очигледно се знаело однапред. Уште една алка во синџирот што СДСМ веќе го разоткри: Почнувајќи од Адамовиќ, функционер на СНС, преку офшор структурите на Кипар и компаниите поврзани со енергетскиот бизнис, поврзаноста со „Руднап“, РЕК Битола, Развојната банка, Божиновска“ вели Фрчкоски.

Тој вели „сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги намести. Има свои луѓе од почеток до крај – од производство и увоз на струја, до продажба и банкарство. Кој тоа ќе го плати? Народот. Кога граѓаните ќе видат денеска високи цени на горивата, нека се сетат на бизнис мрежата на Мицкоски, кој ги предлага, а кој ги одобрува високите цени. Кога ќе видат висока сметка за струја – тоа е позадината“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Хрватска под снег
Следна Статија Намален прометот во индустријата во јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Само 18 илјади луѓе сметаат дека Филипче треба да ја води СДС, пораката е јасна, човекот нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев

По дебаклот што се случи на изборите денес во СДС, на кои што имаше само еден кандидат, а тоа беше…

April 6, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ,…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

ВИДЕО: Инцидент на Комисијата за финансирање и буџет, избегната физичка пресметка меѓу пратеници

Многу малку фалело да дојде до физичка пресметка помеѓу пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, за…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?