Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна
ПОЛИТИКА

Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна

Објавено June 14, 2026 15:18
Сподели
Сподели

Состојбата во земјоделството е алармантна, земјоделците се соочуваат зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, а дополнително откуп нема.

Вака денеска се зборуваше на средбата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со повеќе земјоделци во Карбинци, кои се занимаваат со различно производство.

„Ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци за производство, намалени субвенции, доцнење на исплата на субвенциите, намалени откупни цени и немање откуп. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра. Но освен што е намалена, субвенциите не се исплаќаат, доцнат. И тоа важи за секој сектор во земјоделството – за производство на тутун, за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз“, рече Филипче.

Тој посочи дека земјоделците се притиснати од зголемени трошоци за производство, повисоки цени на ѓубривото, водата и работната рака, како и од нефункционален систем за наводнување.

„Земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кој што е поставен и кој што е поврзан со системот на езерото Калиманци“, рече Филипче.

Тој нагласи дека дополнителен удар за земјоделците се и драстично намалените откупни цени, како и немањето сигурен пласман.

„Освен што се ниски субвенциите, освен што се доцни со исплата на субвенциите, откупните цени се страшно ниски. На млекото откупната цена е намалена за 30 отсто, од 36 на 23/24 денари. На оризот практично преполовена под 20 денари. А ниту оризопроизводителите, ниту производителите на млеко немаат каде да го пласираат своето производство.Едноставно откупните центри се фокусирани затоа што тоа државата им го дозволува да купуваат евтини репро материјали од странство и на тој начин никако не се штити домашното производство“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се ожени пратеникот Сергеј Попов, еве ја неговата избраничка
Следна Статија (ВИДЕО) Три лица загинаа во бродска несреќа во Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зајкова се чуди на барањето на Филипче, кога Декларација веќе била изгласана

„Овој проблем со Бугарија мене навистина некако ми личи на некаков дебатен договор. Ние кога воспитуваме дома дете го воспитуваме…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски официјално е кандидат за градоначалник на Скопје: Ќе го изградиме градот кој ќе биде нашата гордост

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Тетово: За Мицкоски “ресет на системот“ е да постави свои судии и обвинители

Под мотото „Се бориме за нашиот дом“ предизборната кампања на СДСМ и коалицијата вчера вечер продолжи со граѓанска трибина во…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори

Од денеска започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори, одлучил Централниот…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?