Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?

Објавено September 22, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица?

Лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од една страна се претставуваат како народни, скромни и неподмитливи, се претставуваат како пратеници кои не земаат патни трошоци, а гледаме дека вистината е сосема поинаква. Околу 5 илјади евра во својот џеб си ставил Крмов од Левица, тоа си го потврдија и на прес-конференција“, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина е срамно и безобразно да напаѓаат колеги пратеници и други функционери за користење на патни трошоци или пак нешто што им следува како службен додаток, а истите тие од Левица, кои глумат дека се против тоа, го прават истото во сопствената партија.

Оттука, го поставуваме прашањето, дали и Крмов сега ќе рече дека е сметководител? Доколку и тој излезе дека е сметководител во Левица, знае ли дека тоа е противзаконски? Или за Левица можеби тоа не важи?

Почитувани граѓани, лажните аскети како Крмов, Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ се прочитани од народот. Тие се луѓе кои немаат вистински став и доблест. Левица е демаскирана“, изјави Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расипаниот радар нема влијание на безбедноста, објаснуваат од М-НАВ
Следна Статија Кузеска: Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски. Почнувајќи од последната изјава, дека…

September 16, 2025
ПОЛИТИКА

2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства

Пензионерите од Скопје кои имаат ниски примања ќе добиваат по 2.500 денари, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Не губиме ништо ако ги внесеме Бугарите во Уставот

Ако ги внесеме Бугарите во Уставот нема да изгубиме ништо, рече опозицискиот лидер Венко Филипче наденешната седница на Собранието за…

June 26, 2025
ПОЛИТИКА

Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен покажа дека Брисел го цени она што досега го направи владата на…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?